Close Menu
Press24
    Најново

    Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите

    29.10.2026 во 08:11

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази

    Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази

    03.06.2026 во 15:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со презентација на материјални докази кои се однесуваат на инспекциските надзори на општинските инспектори, денеска во судот продолжи процесот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    На денешното рочиште јавниот обвинител се фокусираше на документацијата за угостителска дејност спроведувана од страна на Општина Кочани, вклучувајќи извештаи за работа на терен, овластувања на градежни инспектори и решенија за нивно вработување.

    Сепак, презентацијата на овие материјали предизвика сериозни реакции кај одбраната. Адвокатот на обвинетиот Шабан Салиу, Димитар Дангов, посочи дека списите доставени на УСБ‑уред создаваат технички пречки.

    „…не е фер и ја става одбраната во неповолна положба“, рече Дангов, додавајќи дека само за ДЗС има 216 докази и дека „не знае каде да ги пронајде“ во електронската структура на материјалите.

    Во продолжение на расправата, обвинителот Дарко Јакимовски наведе дека од комуналните инспекциски надзори се гледа дека правните субјекти со месеци не постапувале по забелешките за отстранување на урбаната опрема. На ова бурно реагираше одбраната, со барање обвинителот да не му сугерира на судот што треба да цени во постапката.

    Дополнителен спор се отвори и околу доказите за кафулето кои обвинителот ги смета за релевантни бидејќи е дел од истиот правен субјект, додека адвокатите тврдат дека за тој објект воопшто не постои обвинение.

    На паузата од рочиштето, адвокатот Петре Шилегов изјави дека текот на постапката само ја потврдува нивната теза дека обвинението е поставено премногу широко.

    „…со ваква конструкција не може да се дојде ниту до правда ниту до правична пресуда“, изјави Шилегов.

    Шилегов потенцираше дека во судницата непотребно се губи време на записници за комунални такси од сосема други локации кои немаат врска со причините за пожарот. Тој предупреди дека едно вакво судење со толку голем обем на материјали ја чини државата над 100.000 евра.

    Потсетуваме, во страшниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, што покрена лавина реакции во јавноста за безбедносните стандарди на објектите.

    Прочитај повеќе

    Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите

    29.10.2026 во 08:11

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.