Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа

    Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа

    10.06.2026 во 16:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Авион на компанијата „Рајанер“ на летот од Лондон до Осиек поминал околу 20 минути кружејќи на небото над Славонија, откако се појавил проблем со неговиот прием на аеродромот, пренесуваат хрватските медиуми. Како причина за овој несреќен инцидент се посочува доцнењето на вработен во Хрватската контрола на летање (HKZP), кој не стигнал навреме да ја започне својата смена.

    Проблемот предизвикал сериозен застој во воздушниот простор, при што екипажот морал да ги примени вонредните процедури пред да добие дозвола да се приземји.

    „За време на приемот на летот, имало кратко доцнење, но откако бил забележан проблемот, биле следени пропишаните процедури“, а авионот безбедно слетал на аеродромот во Осиек (OSI), објавува „Јутарњи лист“.

    Според локалните медиуми, ситуацијата била дотолку сериозна што во еден момент била разгледувана и можноста за пренасочување на летот кон Будимпешта доколку не се воспостави комуникација. Од Хрватската контрола на летање тврдат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

    „Прелиминарната внатрешна проверка утврди дека причина за инцидентот е небрежност на поединечен вработен, имено неговото ненавремено пристигнување на смена“, сообшти Хрватската контрола на летање, додавајќи дека против вработениот ќе биде покрената дисциплинска постапка.

    Податоците од јавните сервиси за следење на летови покажуваат дека авионот Боинг 737-800, кој во конфигурацијата на оваа компанија превезува до 189 патници, направил два круга во зоната на чекање на висина од околу 3.350 мери, по што слетал со минимално задоцнување.

    Овој пропуст се случува во исклучително предизвикувачки период за аеродромот во Осиек. По прекинувањето на државната програма за субвенционирани домашни линии (PSO), аеродромот остана без летовите на „Trade Air“ кои сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупниот број патници во 2025 година. Во моментов таму се работи на инфраструктурен проект за проширување на патничкиот терминал вреден 14,3 милиони евра.

    Хрватската јавност потсетува дека сличен инцидент со контролата на летање се случил и во 2008 година, кога авион со хрватската фудбалска репрезентација морал да го прекине слетувањето во Загреб бидејќи дежурниот контролор на кулата едноставно заспал на работното место и не одговарал на повиците на пилотите.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.