Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат

    Тренчевска: Предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат

    10.06.2026 во 16:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Автоматско усогласување на платите со трошоците за живот, државна поддршка за фирмите кои ги вреднуваат работниците и сериозен раст на пензиите во еден мандат, предлага опозицискиот СДСМ како одговор на тешката социјална состојба во државата.

    Потпретседателката на партијата Јована Тренчевска денеска ја претстави програмата „Твоја држава – твоја шанса“, нагласувајќи дека фокусот мора да се стави врз социјалната правда и работничките права.

    • Правда е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Тоа е една од нашите мерки. Поголеми плати кога компаниите имаат поголем профит – воведувавме принцип според кој ако расте профитот на компанијата, мора да расте и платата на работникот. Правично е ако расте профитот на компанијата, да расте и платата на работникот. Трудот мора да биде вреднуван, а успехот правично распределен – изјави Тренчевска.

    Таа појасни дека државата треба да воведе олеснувања во даночната политика за менаџерите кои одлучуваат да го зголемат доходот на вработените, со цел да се стимулира реалниот сектор.

    • Државна поддршка за повисоки плати – намален данок на добивка или субвенционирање на придонесите за компаниите што ги зголемуваат платите. Праведно е државата да ги стимулира компаниите што ги зголемуваат платите, наместо да ги наградува оние што заработуваат на грбот на работниците. Правда е пензиите да растат и да обезбедуваат достоинствен живот. Затоа предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат – потенцираше Тменчевска.

    Како дополнителни социјални столбови, од СДСМ најавија признавање на студентскиот стаж, заштита на сезонските работници и хонорарците, воведување дигитален пасош за работниците, како и посебни додатоци за домување и покривање на трошоците за градинка на самохраните родители.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација

    23.10.2026 во 11:01

    Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

    23.10.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.