Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија
    • Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка
    • Три хороскопски знаци кои градат успешни кариери
    • Кој печател лажни возачки дозволи?
    • Не чека пеколен празничен ден – температури близу 40
    • Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред
    • Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран
    • Тошковски: Кога ќе можеме ќе ја информираме јавноста кој печател возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три сценарија за иднината на Русија: Нуклеарен удар и окупација на делови од Украина претставени како „добра опција“

    Три сценарија за иднината на Русија: Нуклеарен удар и окупација на делови од Украина претставени како „добра опција“

    04.06.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург беа презентирани три можни сценарија за иднината на Русија, каде што употребата на нуклеарно оружје и окупацијата на барем југоисточниот дел на Украина се прогласени за „добро“ сценарио.

    Извештајот за иднината на државата го претставија бизнисменот Константин Малофеев и ултрадесничарскиот јавен активист Александар Дугин, кој важи за главен идеолог на концептот „руски свет“.

    Првото сценарио во извештајот е означено како „лошо“ и според него Русија ја губи војната против Украина, што би довело до „колонизација на Русија“ до 2050 година.

    Второто сценарио е именувано како „инерцијално“, каде „сè оди како што оди“, а крајниот исход од таквата состојба предвидува „не чека американска и кинеска хегемонија“.

    Третото сценарио, кое авторите го дефинираат како „добро“, предвидува „јасна слика за победата во идеолошката војна“, преку употреба на нуклеарно оружје, руска окупација на Крим, Одеса, Харков „и така натаму“, како и распаѓање на Европската унија.

    За спротивставување на заканите кон Русија, Малофеев предлага сет мерки каде на прво место е „идеологија/дезападнација“, на второ „национализацијата на елитите“, а на трето „автократијата“.

    Коавторот Дугин истакна дека администрацијата на претседателот на Руската Федерација „постојано ја разгледува“ потребата на Русија за идеологија, додавајќи дека во земјата веќе постои автократија, но нејзината „легализација се одвива бавно“.

    Паралелно со ова, според проценката на ISW, Владимир Путин не е подготвен да ги намали трошоците за војната против Украина, и покрај предупредувањата на руските власти за растечкиот товар на економијата на Руската Федерација.

    Аналитичарите сметаат дека Кремљ може да продолжи со таквата политика поради надуените оценки за сопствените успеси на фронтот и вербата на Путин во можноста за постигнување воени цели, иако тоа ќе ги продлабочи економските проблеми на земјата.

    Прочитај повеќе

    Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка

    27.08.2026 во 22:34

    Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран

    27.08.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.