Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ковачки со порака до СДС: Да си ги погледнат сопствените редови, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прегази на следните избори

    Ковачки со порака до СДС: Да си ги погледнат сопствените редови, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прегази на следните избори

    04.06.2026 во 10:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, упати остри критики кон опозициската СДС, порачувајќи дека партијата треба да се посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо да се занимава со политички напади.

    За време на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, тој истакна дека СДС се соочува со длабоки внатрешни предизвици и дека нивната реторика мора итно да се промени.

    „СДС може да зборуваат што сакаат, тие треба да си погледнат малку во своите редови, да не се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ги прегази на следните парламентарни избори кога и да се случат. Она што можам да го кажам за нив и да им упатам порака дека треба да внимаваат малку и на сопствените редови и на сопствената коалиција, да не прават фронтови коишто однапред им се пробиени и коишто ќе им донесат штета. Значи треба да ја сменат реториката треба да се навратат кон сопствената идеологија која ја изгубија во меѓувреме додека беа во владата под раководство на ДУИ, така да би рекол да внимаваат малку што зборуваат кон својот политички опонент којшто на следните избори ќе ги прегази“, вели Ковачки.

    Осврнувајќи се на реформските процеси во земјата, пратеникот направи компарација меѓу сегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и претходниот мандат на социјалдемократите, обвинувајќи ги за правење отстапки на штета на државата.

    „СДС досега, во текот на нивното владеење ако имале, карикирам, 25 реформски процеси коишто требало да ги спроведат, тие спроведувале два, дваесет и три не ги спроведувале. Беа гласни затоа што правеа отстапки на сметка на националниот идентитет, на историјата, на културата, на традицијата, на сметка на нас самите, нешто што сега не е случај, сега карикирам повторно од 25 реформски процеси, два можеби нема да ги реализираме и токму затоа е стравот и паниката кај СДС, затоа се изгубени во комуникацијата со јавноста, веќе не знаат како да напаѓаат“, рече Ковачки.

    На крајот, Ковачки ја критикуваше и актуелната политика на лидерот на СДС, Венко Филипче, во однос на државните прашања и порача дека политикантството со националните интереси мора веднаш да престане.

    „Вие од тоа да правите дневно политикантство, да им давате муниција на тие што од нас бараат да се покориме, тоа е дневно политикантство на штета на сопствената држава, на сопствениот народ, па дури и на сопствената партија. Тоа во моментот ни се случува, politicalство на дневна основа нешто што е крајно штетно, политикантство со националните интереси, и тоа мора да престане. Јас многу често го нарекувам Венко Филипче дека е адвокат по службена должност на Република Бугарија. Некои го нарекуваат специјален претставник и така натаму, како и да се нарече во тој дел нема да се погреши затоа што начинот на којшто дневно комуницира со јавноста и прави политикантство од националните интереси, откривајќи ја македонската слаба страна а тоа е необединетоста за која тие не сакаат да пристапат со нас и да се обединиме, а сите други се обединети со нас, уште еднаш покажува дека станува збор за луѓе коишто не и мислат добро на татковината“, истакна Ковачки.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.