Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ по средбата со Кошта: Одам во Црна Гора, таму ќе кажам сè во лице и ќе ја кажам вистината

    Вучиќ по средбата со Кошта: Одам во Црна Гора, таму ќе кажам сè во лице и ќе ја кажам вистината

    04.06.2026 во 10:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Палатата Србија претпладнево се одржа средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по што следеа пленарни состаноци на делегациите на Србија и на Европската унија.

    За време на разговорите беа анализирани економските односи, при што Вучиќ истакна дека вкупната трговска размена изнесува 58 милијарди евра и дека Србија учествува со 57,1 отсто во вкупниот извоз од Западен Балкан кон Унијата.

    На прес-конференцијата српскиот претседател се осврна на европските вредности, најавувајќи носење закони за финансирање кампањи и антикорупција, но истакна и одредени предизвици во внатрешниот дијалог.

    „Што се однесува до РЕМ, не знам како да го решам, давање на некого мнозинство во тело, тоа никаде во светот го нема, но ние ќе го решиме. Научив многу од Кошта и знам дека секој ден мораме да бараме компромиси. На сите им понудив дијалог, тие никогаш не сакаа, ниту политички противници ниту поединечни невладини организации. Мислат дека се носители на севкупната вистина, и дека нема да разговараат со авторитарното копиле и Хитлер“, истакна тој.

    Вучиќ изрази фрустрација што Србија пет години нема отворено ниту еден кластер поради конфликтот во Украина, но додаде дека благодарение на компанијата „Стелантис“ е зголемен извозот кој ја подобрува стапката на раст на БДП.

    На крајот од своето обраќање, српскиот претседател директно му се обрати на европскиот функционер најавувајќи го своето заминување на регионалниот самит во Тиват.

    „Се гледаме вечерва во Црна Гора, ако не претставувам хибридна закана“, рече на крајот од својот говор Вучиќ Кошти.

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, го започна своето излагање со изразување сочувство за смртта на српскиот мировник во Либан, а потоа го поздрави усвојувањето на четирите изборни закони.

    Тој нагласи дека реформскиот процес бара мобилизација на целото општество, вклучително и на опозицијата, со цел приближување на земјата до полноправно членство.

    „Вратата за ЕУ ​​е отворенано просторот за решителни акции е сега. Сигурен сум дека со заедничка работа, на чесен начин, можеме да ја постигнеме нашата цел, Србија да стане полноправна членка на ЕУ“, рече тој.

    Прочитај повеќе

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15

    Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    06.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.