Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    30.10.2026 во 10:51

    Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот

    30.10.2026 во 10:49

    МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија

    30.10.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
    • МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија
    • Дел од Македонија мрзне, на друг дел 14 степени – УХМР ги измери температурите
    • Зад затворени врати: Пентагон спрема буџет од 1,1 трилион долари, далеку под барањето на Трамп
    • Путин со изненадувачки повик: Русија сака подобрување на односите со Европа
    • СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина”
    • ВМРО-ДПМНЕ: Осум квартали без негативен раст во градежништвото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    30.10.2026 во 10:511 Min Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поплавени соби, вода што протекува од плафоните и силна бучава од системот за греење ги вознемириле студентите во домот „Стив Наумов“ во Скопје во текот на изминатата ноќ.

    За состојбата реагираше студентската платформа „Студентарија“, која објави видеа доставени од студентите. На една од снимките се гледа како вода се разлева низ соба, меѓу креветите и шкафовите.

    „Станува збор за студентски дом, кој оваа академска година повторно прими студенти по обемна реконструкција, поради што ваквите проблеми дополнително отвораат прашања за квалитетот на изведените работи и за тоа дали сите недостатоци биле отстранети пред вселувањето на студентите“, посочија од „Студентарија“ преку Инстаграм.

    View this post on Instagram

    A post shared by Студентарија (@studentarijamk)

    Проблемите доаѓаат само неколку недели по повторното вселување на студентите во реновираниот дом. Министерството за образование и наука претходно потврди дека имало одредени „инциденти“, меѓу кои откорнат радијатор, активирање на алармниот систем и паркирање автомобили на зелените површини во дворот.

    Новите снимки повторно го отвораат прашањето за состојбата на објектот и квалитетот на реконструкцијата.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија

    30.10.2026 во 10:34

    Дел од Македонија мрзне, на друг дел 14 степени – УХМР ги измери температурите

    30.10.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.