Рускиот претседател Владимир Путин упати повик за подобрување на односите со европските земји, порачувајќи дека актуелните конфликти и тензии не можат да донесат ништо добро и дека во евентуална поголема војна нема да има победници.
Според руските медиуми, Путин нагласи дека Москва е отворена за дијалог и соработка, но дека сето тоа зависи од подготвеноста на другата страна да ги почитува руските интереси и безбедносни прашања.
Во своето обраќање, рускиот лидер порача дека европските народи секогаш биле партнери со кои Русија сака стабилни и долгорочни односи.
„Во војна нема да има победници, сите ќе бидеме губитници, а тоа мора да го разберат сите оние кои размислуваат поинаку“, порача рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи ја потребата од разум и дипломатско решение за кризните ситуации.

