Тешка несреќа се случи во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, каде што се урна воен хеликоптер, при што животот го загубија сите четири лица кои се наоѓале во летечкото средство.
Според првичните информации од терен, на местото на несреќата веднаш се упатени екипи на брза помош, полицијата и спасувачките служби. Иако сè уште се утврдуваат точните причини за падот, надлежните органи веќе отворија истрага за да се утврди дали станува збор за технички дефект, временски услови или човечки фактор.
На социјалните мрежи и медиумите веќе е објавена и драматична снимка од моментот, односно од последиците од оваа страшна несреќа која ја потресе јавноста во регионот.

