Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Им ги блокирале вратите и ги запалиле во автомобил – четворица работници сурово убиени во Италија

    Им ги блокирале вратите и ги запалиле во автомобил – четворица работници сурово убиени во Италија

    04.06.2026 во 10:412 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири странски земјоделски работници беа изгорени живи во автомобил во италијанското место Амендолара, по што полицијата експресно уапси двајца осомничени државјани на Пакистан.

    Три од жртвите се авганистански државјани, додека четвртиот настрадан е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој успеал да избега кршејќи го прозорецот, е клучен сведок во истрагата за крвавиот конфликт околу земјоделски работни места.

    Пожарот избувнал вчера околу 13 часот во непосредна близина на бензинска пумпа, а пожарникарите пристигнале на местото во последен момент за да спречат ширење на огнот кон резервоарите за гориво, по што во возилото ги откриле јагленисаните тела.

    Сомневањата за грозоморното дело беа потврдени со снимки од безбедносните камери, каде јасно се гледа како две лица однадвор ги блокираат вратите на автомобилот со рацете додека внатре се истура запалива течност.

    Јавното обвинителство на Кастровилари по неколкучасовно испрашување во Козенца нареди итно апсење на двајцата пакистански посредници кои секојдневно ги носеле работниците на берба на јагоди на фарма во Сканзано Јоника.

    Мотивот за свирепото убиство лежи во неисплатените дневници од 45 евра, како и барањето на посредниците да им се одземаат пари на работниците за секојдневен транспорт, што жртвите одбиле да го платат.

    Преживеаниот Авганистанец во изјава за италијанските медиуми детално го опиша финансискиот спор кој доведе до трагедијата:

    „На крајот, ни дадоа сместување, но не и плата. Исто така, ни побараа по пет евра дневно за одење до и од работа“

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.