Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Сонце по утринскиот студ
    • Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината
    • ГАЛЕРИЈА: Македонската полиција уапси 69 годишен маж – Имал цел арсенал оружје
    • Паднаа директорка и шефица во Државна лотарија – пронајдени злато и скапи брендирани чанти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ужас во регионот: Му се слошило додека возел – граѓаните со раце и нозе ја кршеле вратата за да му помогнат на возачот на автобусот

    Ужас во регионот: Му се слошило додека возел – граѓаните со раце и нозе ја кршеле вратата за да му помогнат на возачот на автобусот

    04.06.2026 во 10:082 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_ynhgfyynhgfyynhg
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистинска драма се одвивала синоќа околу полноќ на самиот влез на Бранковиот мост во Белград, кога возач на градски автобус изгубил свест, по што возилото удрило во неколку автомобили и ја пробило заштитната ограда.

    Среќа во несреќата било тоа што инцидентот се случил доцна навечер и автобусот бил празен бидејќи сообраќал кон гаражата, па во тој момент немало патници во возилото ниту многу луѓе на самата улица.

    Поради сообраќајната несреќа, градскиот автобус целосно ги блокираше двете коловозни ленти при влезот на мостот во правец кон Нов Белград, поради што сообраќајот беше во прекин повеќе од еден час.

    Возачот (52) во еден момент изгубил свест и контрола над возилото, при што се здобил со тешки физички повреди и по укажаната прва помош од дежурните лекари бил итно пренесен на Военомедицинската академија (ВМА).

    Според очевидци, несреќниот возач изгубил свест додека чекал на семафор, по што неконтролирано почнал да удира во возилата пред него, во разделниот остров и на крајот во заштитната ограда.

    Пред пристигнувањето на итните служби, случајни минувачи покажале огромно херојство и со раце и нозе ги кршеле вратите на автобусот за да влезат внатре и да му помогнат на повредениот маж.

    Предниот дел од автобусот по силниот удар е целосно уништен и згмечен, а полицијата изврши увид на самото место за да ги утврди сите детали за несреќата.

    „Сè уште е на опсервација кај нас, пред се невролошки, за да утврдиме кој е практично актуелниот проблем што ја предизвикал ваквата состојба, за среќа без посериозни последици“, откри Небојша Мариќ, дежурен доктор во ВМА.

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.