- Нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
- Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата
- Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ
- Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
- Протекоа детали – акција е поврзана со ФФМ: Истражители и полиција на терен низ Скопје
- Обвинителството и Финансиска полиција во голема акција: Се тресе на повеќе локации во Скопје
- Родителите на Коста К кој изврши масакр одат в затвор
- Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Author: Author 04
Вчера во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026 преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како директор на компанија што тргува со крипто валути и истиот го довел пријавителот во заблуда, при што му дозволил пристап до неговиот компјутер и во повеќе наврати му префрлил вкупно 340.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави:„Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се бројки и факти коишто ги објавува Евростат. Минатата година 2024, поради добрата втора половина, бевме во првите десет, оваа година сме во првите пет. А за оваа 2026 година, ако оди вака како што почна годината, не би се изненадил да бидеме и во првите три. Што значи тоа, тоа значи дека конечно ќе почне полека, но…
Денеска започнуваме со три вредни, значајни инфрастрктурни проекти за Кочани, проекти со кои ќе го смениме ликот на Кочани. Тоа е изградба на влезниот булевар, понатаму изградба на мост на Кочанска река и проект за изградба на цевковод со кој ќе овозможиме чиста вода за пиење за поголем дел од градот, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот Владко Грозданов, означија почеток на градежните работи на овие три проекти. Инвестициите во инфраструктурни проекти само од Министерството за транспорт се движат околу 5,5 милиони евра, истакна вицепремиерот Николоски. Во продолжение интегралната…
Вчера во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К.(48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на намалувањето на цената на нафтените деривати и како ќе дојде до истото, изјави:„Токму така, благодарам. Работевме заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изминативе денови со најголемиот, би рекол снабдувач, тоа е „ОКТА“. И добра вест за македонските граѓани е што „ОКТА“ на компаниите коишто соработуваат со нејзе, од денеска ќе даде попуст, отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значело намалување некаде околу 2,5 денари по литар. А потоа разговарав и со голем дел од сопственици на бензинските…
Завчера во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Мицкоски ја води државата како Али Баба и 40 разбојници, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус. Филипче нагласи дека е недозволиво власта да распишува тендери за лично богатење а да нема пари за мерки за граѓаните. „Не можете секојдневно да распишувате тендери за своите другари и за себе, а да не останат пари за граѓаните. Тоа го нема никаде. Мицкоски ја води оваа држава како Али Баба и 40-те разбојници. Со тоа што мислам дека сега се малку помалку, откако ги смени сите потпретседатели и постави само свои неколку другари на клучни места. Тој…
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска пред Советот ја образложи завршната сметка за 2025 година, нагласувајќи дека општината зад себе остава исклучително успешна година со реализирани капитални расходи во износ од 411.187.922 денари. И покрај тоа што 2025 беше изборна година, Коњановски потенцираше дека реализацијата на проектите е на рекордно ниво. Беше 8 март и помина, уште еднаш честитки до припадничките на понежниот пол, денеска е петок 13-ти и тој ќе помине, а мојата бројка е 100. Таа ќе ја слушате во голем дел од говорот, но не дека јас така си ја измислив, туку и самите знаете за што…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија. Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот. Таа потенцираше дека Австрија е не само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес. Претседателката…
Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РК е уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски во енергетиката кои ги објавува АКТ на СДСМ, стои во соопштението од СДСМ. „Пензионерот Иван Куковски, близок до таткото на Мицкоски, прво беше назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ. Потоа си дава оставка поради идни професионални ангажмани, и е ангажиран како советник на Министерката за енергетика Сања Божиновска. Потоа е назначен за координатор на РЕК Битола, и еве сега Директор на РЕК Битола. Што се случува во РЕК откако Мицкоски е на власт? Само да ги погледнеме бројките е…
