Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски: Русија употреби севернокорејска ракета во последниот напад врз Украина

    Зеленски: Русија употреби севернокорејска ракета во последниот напад врз Украина

    30.07.2026 во 22:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, според прелиминарните податоци, Русија за првпат по подолг период употребила севернокорејска балистичка ракета за време на нападот врз селото Радушна, каде загинаа шест лица.

    Нападнатото село Радушна се наоѓа во близина на Криви Рог, родното место на украинскиот претседател.

    Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски ги објави првичните сознанија од терен и најави дополнителни проверки.

    „Во Радушна, Русите употребија севернокорејска ракета за прв пат по долго време, ова го покажуваат прелиминарните податоци“, рече Зеленски.

    Тој објасни дека дополнително ќе бидат спроведени анализи за да се потврди потеклото на ракетата, обвинувајќи го сојузот на Москва и севернокорејскиот режим за убиствата на украинските деца.

    Покрај осудите за нападот, тој упати порака до меѓународната заедница за засилување на воената поддршка.

    „Секако, многумина низ целиот свет го осудија овој напад денес. Имаше многу изрази на сочувство за загубата на животи. Европските земји, исто така, дадоа многу изјави затоа што руска ракета влета на полска територија и експлодираше некаде на поле во близина на Лублин. Сепак, најважно е не само сочувство и осуда, туку и ракети за воздушна одбрана и притисок врз Русија што може да ја запре оваа глупава руска војна, сите нивни напади и нивниот терор“, рече Зеленски.

    Тој ја истакна и потребата од поддршка од сојузниците на Запад.

    „Искрено се надевам дека сите наши партнери – пред сè нашите американски партнери, како и нашите пријатели во Европа – ќе почувствуваат дека вистинските човечки животи зависат од тоа дали ќе ни помогнат, дали ќе ѝ помогнат на Украина“, додаде тој.

    Во руските балистички ракетни напади врз Украина во четвртокот загинаа најмалку седум лица. Меѓу шесте жртви во близина на Криви Рог има и две девојчиња на возраст од пет и 12 години, а уште осум лица се повредени, додека едно лице го загуби животот во Киев.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.