Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Италија ќе праќа дел од затворениците со зависности во домашен притвор за да ги растовари затворите

    Италија ќе праќа дел од затворениците со зависности во домашен притвор за да ги растовари затворите

    30.07.2026 во 21:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Италијанскиот парламент усвои нов закон со кој дел од затворениците кои имаат проблеми со зависност од дрога или алкохол ќе можат затворската казна да ја издржуваат во домашни услови.

    Мерката се носи со цел да се намали долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во казнено-поправните установи низ земјата.

    Според податоците на здружението за заштита на правата на затворениците „Антигона“, италијанските затвори во моментов се исполнети со околу 140 проценти од нивниот реален капацитет. Со ова, Италија се наоѓа во самиот врв меѓу земјите со најпренатрупани затвори во Европската Унија.

    Министерот за правда Карло Нордио изјави дека новата мерка би можела да опфати повеќе од 10.000 затвореници кои имаат проблем со зависност од дрога, од вкупно околу 65.000 лица што моментално издржуваат затворски казни. Тој додаде дека дополнително уште околу 3.700 затвореници со зависност од алкохол би можеле да ги исполнат условите за издржување на казната надвор од затвор.

    И премиерката Џорџа Мелони оцени дека законот ќе придонесе за намалување на притисокот врз затворскиот систем, но и ќе им помогне на зависниците полесно да се рехабилитираат и да се оддалечат од криминалот.

    Од друга страна, од здружението „Антигона“ изразија сомнеж за ефикасноста на ова решение. Оттаму посочуваат дека можноста за домашен притвор зависи од низа услови, а предвидените буџетски средства се доволни за финансирање на помалку од 600 места во соодветните центри за рехабилитација.

    Властите очекуваат новите правила да дадат резултат, иако крајниот ефект ќе зависи од практичната примена и реалниот број затвореници кои ќе ги испуштат пропишаните критериуми.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.