Author: Author 04

Швајцарски турист на возраст од 55 години претрпел сериозна повреда на ногата откако бил каснат од неидентификувана риба на плажата во Пиопи, во италијанскиот регион Кампанија. Мажот пливал на само неколку метри од брегот кога рибата го каснала во пределот на телето, предизвикувајќи му длабока рана. Поради каснувањето, туристот изгубил голема количина крв. Како што пренесува весникот „Кориере дела Сера“, крварењето веројатно било дополнително засилено бидејќи тој користел терапија со лекови за разредување на крвта. Спасувачките екипи веднаш интервенирале и му пружиле прва помош на самата плажа, по што повредениот итно бил транспортиран во болница, објави „ТВ Свизера“. Сè уште…

Повеќе

Грција се соочува со драстична промена на времето и пад на температурите по неколкудневниот топлотен бран во кој живата на термометрите достигнуваше и до 40 степени. Во градот Катерини, промената пристигна нагло, каде што за кратко време темни облаци го прекрија небото и започна пороен дожд. Улиците брзо се испразнија, а метеоролошките служби соопштуваат дека овој нестабилен временски фронт веќе се шири и кон останатите делови од земјата и островите. Први на удар беа островите во Јонското Море, по што врнежите и грмотевиците започнаа да се шират кон внатрешноста. Врнежи од дожд и грмотевици се предвидуваат за регионите на Тесалија,…

Повеќе

Струмица со 28,1 и Гевгелија со 27,7 степени беа најтоплите градови во Македонија денеска до 17:00 часот, покажуваат најновите мерења на УХМР. Во исто време, во Претор падна најмногу дожд во последните девет часа, каде што се измерени 26,2 литри на метар квадратен. Во Скопје максималната температура на мерното место Петровец достигнала 20,6 степени, додека на Зајчев Рид биле измерени 19,4 степени. Најстудено било на Попова Шапка каде што дневниот максимум изнесувал скромни 8,6 степени. Покрај Претор, пообилни врнежи од дожд беа регистрирани и во Битола (7,2 l/m²), Попова Шапка (6,9 l/m²), Маврови Анови (6,1 l/m²) и Пожаране (5,8 l/m²).…

Повеќе

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од градските власти, разгледот ќе се реализира со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници. Граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, како и да ги откријат приказните за разрушените објекти кои го обликувале тогашниот дух на градот. „Поаѓањето е од Порта „Македонија“, во 10:00 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: +389 71…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на инфраструктурата, притоа зачувувајќи го историскиот и архитектонскиот идентитет на Чаршијата. „Со инвестиција од над 28 милиони денари, на Старата чаршија ѝ ги враќаме функционалноста, современиот стандард и достоинството што го заслужува. Ја модернизираме инфраструктурата, а истовремено го зачувуваме нејзиниот…

Повеќе

Дваесетгодишните спасувачи Атина Хоромиду и Танос Економу го спасија животот на две и полгодишно девојче кое вчера околу пладне било извлечено во несвест од морето на плажата Полихроно на Халкидики. Информацијата и деталите за спасувањето ги објави грчкиот портал „Прототема“, за кој спасувачката Атина Хоромиду опиша како ги презеле првите чекори за реанимација. „Не знам кој го извлекол девојчето од морето. Мојот колега добил повик дека детето е во неволја, веднаш истрчал и ме информирал преку радио. Јас ја зедов опремата и боцата со кислород, истрчав на местото на несреќата и во исто време ја повикав брзата помош“, рече Атина.…

Повеќе

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на посакувани термини. На средбата беше договорено дека Министерството, заедно со Управата за електронско здравство остануваат отворени за натамошна соработка со претставниците на матичните лекари, здравствените установи и софтверските компании, со цел да се воспостави ефикасен и ефективен систем за термини.

Повеќе

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(69) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ”. – Пријавениот, со намера да ја скрие вистинската причина за вадење на нова сообраќајна дозвола, дал лажна писмена изјава дека неговата сообраќајна дозвола му е изгубена, иако претходно му била претходно одземена од инспектор за патен сообраќај од Град Скопје при вршење на редовен инспекциски надзор, информираа од МВР.

Повеќе

Водата од водоводната мрежа во населените места Преглово и Пласница е здравствено неисправна и не смее да се користи за пиење без претходно зовривање од најмалку 10 минути. Ова го покажаа најновите анализи и стручни мислења од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп. Според официјалните извештаи од тестирањата извршени на 24 јули 2026 година, микробиолошките анализи на мострите земени на 14 јули покажале сериозни отстапувања од безбедносните стандарди. Кај мерното место во село Преглово (здравствена станица, Лаб. број: 1017/2026) е утврдено присуство на бактерии од цревно потекло, зголемен број колонии бактерии на 37°C и целосно отсуство на резидуален хлор…

Повеќе

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години. Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот…

Повеќе