Author: Author 04

Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од нив тројца малолетници возеле без возачка дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи, од кои седум за управување возило без возачка дозвола, три за возење и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило и по еден за возење под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената. Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од тетовско управувал возило, а по еден малолетник во Крива Паланка и Неготино управувале мопеди без…

Повеќе

Четири насилници лишени од слобода и двајца повикани на службен раговор, од вкупно 11 пријавени за семејно насилство На 12.03.2026 во 02:00 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 39-годишник од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал на неговиот 57-годишен татко и кршел предмети. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски…

Повеќе

Луксузното „ауди А6“, кое стана симбол на расипништвото во Струга, повторно е во центарот на вниманието. Иако новата локална власт планираше да го продаде на аукција на 16-ти овој месец, процесот е закочен од извршители. Причината е долг на Општината од 2016 година, кој поради камати пораснал од 1,4 на фрапантни 3 милиони денари. Наместо спортските клубови и децата со посебни потреби да добијат ново комбе од продажбата на возилото купено за 67.000 евра, парите сега „висат“ поради наследените финансиски дупки. Од кабинетот на градоначалникот Менди Ќура велат дека се во комуникација со засегнатите страни, но случајот само потврдува колку…

Повеќе

Вчера во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Д.(44), Б.И.(43) и М.Ч.(50), сите од Скопје пријавија дека на 08.03.2026 околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 20:15 часoт во СВР Скопје, Б.Р.(41) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 13:30 часот во берберница во с.Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник, кој употребил и остар предмет, а со кого заедно работеле како чираци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Б.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом физички ја нападнала 13-годишната ќерка на Ѓ.Ш.(45) од Скопје, која е соученичка на нејзината ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Ноќеска во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Џ.Ј.(47) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени неколку пакувања марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе