- Јанушев: Македонија е во петте најуспешни економии во Европа по раст на БДП
- Митева: Седум квартали по ред покажуваме одлични резултати во економијата
- (ФОТО+ВИДЕО) Погледнете колку народ има за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица
- (ВИДЕО) Ковачки: Определени сме за европскиот пат – два месеци имаме интензивна дипломатска активност
- ВО ЖИВО: 36 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ
- Се огласи Никола Груевски: Успесите нека не прават поголеми, а граѓаните посреќни
- И АНБ со детали за акцијата против терористите: Специјалците нашле дигитални уреди кои им откриле важни траги
- Стојаноска: Уставните измени мора да се последно барање за членство во ЕУ
Author: Author 04
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, велат од УХМР. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.
Посветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи, соопшти Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Денес, на седницата на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, средства што директно ги враќаме кај граѓаните преку нови капитални инвестиции за нашиот град, истакна Ѓорѓиевски. „Особено е важно што ова зголемување не е резултат на нови задолжувања, како што тоа често било пракса во минатото. Напротив, ова е пример како со домаќинско и одговорно работење, со дисциплина и посветеност, се создава простор за повеќе инвестиции…
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во електросистемот, утре (петок, 13.03.2026) дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Од компанијата апелираат до жителите на оваа улица навреме да ги планираат своите обврски во наведениот термин.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека неговите политики се засновани исклучиво на лаги. Според Кузеска, Мицкоски не само што излажал за Преспанскиот договор и враќањето на името, туку сега манипулира и со евроинтеграциите на државата. „Мицкоски лаже како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ. Неговата измислена приказна за ‘влез во ЕУ без право на глас’ пропадна“, изјави Кузеска. Таа додаде дека неговите наводни намери за членство се само параван за криминални тендери, додека во реалноста ја води Македонија кон меѓународна изолација.
Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава простор за евакуација: помошната врата била заклучена со катанец и без квака, а дополнително запечатена со стиропор од надворешната страна. „Најболната работа беше заклучената задна врата. Немаше систем за јавување пожар, хидрантот беше празен – без вода, без црево и без млазници“, истакна сведокот. Според него, објектот бил „стапица“ со лесно запаливи материјали, каде дури и прозорците на тоалетите биле со железни решетки, оневозможувајќи каков било излез или…
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот. Според последните податоци, во изминатите десет дена сообраќајната полиција изрекла санкции за дури 238 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила. Покрај пешаците, на удар на законот се најдоа и возачите на моторни возила. Дури 754 учесници во сообраќајот добија санкции поради неносење сигурносен појас, додека 43 мотоциклисти се казнети затоа што возеле без заштитен шлем (кацига). Од полицијата апелираат сите учесници, вклучително и возачите на електрични тротинети, каде исто така е регистриран прекршок, да бидат крајно одговорни.
Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со оптимистичка оцена за војната со Иран, тврдејќи дека американската војска веќе „онеспособила“ 58 ирански воени бродови. Иако Иран објавува снимки со кои тврди дека сè уште владее со Ормутскиот теснец, Трамп порача дека Техеран има само уште „неколку преостанати ракети“ и дека САД практично веќе победиле во овој судир. Трамп тврди дека операцијата е огромен успех и дека иранската морнарица е десеткувана. Ноќеска контејнерски брод беше погоден од ракета северно од Џебел Али (ОАЕ), а нападите кај Басра однесоа една жртва и 38 повредени. Од 28 февруари до денес, вкупно 13 комерцијални бродови биле…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска излезе со сериозни обвинувања дека Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е целосно инструиран и координиран од опозициската СДСМ. Според Петрушевски, протестите на синдикатот не се автентични, туку се партиска операција за која логистиката ја обезбедува СДСМ. „ССМ е само СДС во синдикални маички. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат дека главните луѓе на терен за организирање на протестите се всушност истакнати партиски кадри на СДСМ“, изјави Петрушевски. Тој како пример го посочи Бранко Георгиев, поранешен раководител во Струмица, тврдејќи дека тој е клучниот човек за превоз и организација на луѓе за…
Грчкиот бродски магнатски врв е во шок по синоќешниот напад во Персискиот Залив. Танкерот „Zefyros“, сопственост на браќата Јоргос и Василис Михаило (зетот на сопственикот на „Џамбо“), е еден од двата брода што беа зафатени од пламен по напад со ирански подводен дрон или брод-бомба. Иако 22-члениот екипаж на грчкиот танкер е на безбедно благодарение на брзата интервенција на ирачките власти, едно лице го загуби животот на другиот нападнат брод, американскиот „Safesea Vishnu“. Ова е веќе петти брод во грчка сопственост што е погоден од почетокот на новата војна, што предизвика сериозен аларм во бродските кругови во Атина. Снимките потврдени…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. Влезот е слободен, а добредојдени се сите вљубеници во убавиот збор и музиката“, рече Герасимовски. На настанот, поддржан од Општина Центар, ќе настапат триесетина истакнати македонски поети кои ќе ги презентираат своите стихови. Поезијата ќе се…
