Author: Author 04

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа. Стравот од…

Повеќе

Вчера во 12:41 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода А.П.(40) од с.Лавци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.П., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна приајва.

Повеќе

Вчера во 16:02 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во село Биљановце, кумановско, бил пронајден починат В.М.(85), информираат од Секторот за внатрешни работи. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата ,,Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција поради изведување на технички активности. „Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, стои во соопштѕението од Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.

Повеќе

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја вознемири Грција. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот на потресот бил лоциран на 87 километри од градот Лариса. Потресот бил почувствуван во поширокиот регион на Тесалија, а поради силината, предизвика вознемиреност кај локалното население. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или посериозна материјална штета, но локалните власти ги следат состојбите на терен за можни афтершокови.

Повеќе

Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок организиран од Светска банка. “ Имаме среќа што двата пан европски коридори се пресекуваат во нашата земја. Тоа е Коридорот 10 што го поврзува југот на Европа со северот на Европа и тоа…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја искористи комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани за да испрати остар апел до правосудните органи. Пред претседателката Силјаноска-Давкова и премиерот Мицкоски, Гаши подвлече дека правдата е единствениот лек за заедницата и дека институциите мора да ги адресираат грешките без никаква амнестија. Обвинителството и судовите мора да работат транспарентно и професионално за да донесат спокој за семејствата. Спроведувањето на законите е обврска од која никој не е изземен; трагедијата е „последен аларм“ за општествена одговорност. Гаши потсети на храброста на пожарникарите, лекарите и граѓаните кои покажаа дека во најтемните моменти нема етнички или…

Повеќе

Македонија денеска занеме пред споменот на 63 млади животи кои прерано згаснаа во кобниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. На комеморативната седница во Собранието, на која присуствуваше државниот врв и скршените семејства на жртвите, спикерот Африм Гаши порача дека 16-ти март минатата година останува врежан како „мрачно утро кое ја угасна надежта“. „Еден неповратен дел од нашата душа изгоре таа ноќ во Кочани. Таа ноќ ги однесе соништата и плановите на 63 млади луѓе кои до последен здив му пееја на животот“, рече Гаши во своето трогателно обраќање. Тој нагласи дека оваа трагедија не смее да биде поле за политички…

Повеќе

Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам. Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за социјални работи веќе работат на случајот за да се утврди како детето дошло во контакт со лековите и дали станува збор за невнимание или родителска негрижа.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. Изминатиот период, Лекарската комора има спроведено повеќе истражувања на оваа тема и податоците покажуваат дека дел од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а поголем број биле изложени на вербално насилство. За…

Повеќе