Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важно известување за сите кои планираат да патуваат викендов за Грција

    Важно известување за сите кои планираат да патуваат викендов за Грција

    29.07.2026 во 22:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските туристи кои викендов патуваат кон Грција се соочуваат со промени во сообраќајниот режим кај Солун, како и со сообраќајни и безбедносни ограничувања на Халкидики.

    Поради изведба на работи од проектот „Fly Over“, обиколницата на Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци од сабота (1 август) во 23:00 часот до недела (2 август) до 05:00 часот наутро. За време на прекинот, возилата ќе се пренасочуваат низ градското подрачје.

    Патниците кои патуваат кон Халкидики и аеродромот ќе минуваат низ центарот на градот, додека возилата што се движат кон граничниот премин Евзони ќе бидат насочувани по други градски сообраќајници. Метеоролошките и сообраќајните служби препорачуваат избегнување на шпиц-периодите од 07:00 до 10:30 часот и од 15:00 до 19:00 часот.

    Паралелно со сообраќајните измени, воведени се и посебни забрани за движење на Касандра поради висок ризик од шумски пожари (индекс од трет степен).

    Забраната за движење на пешаци и сите видови возила се однесува на следните шумски подрачја:

    • Полуостров Касандра – потезот „Риџ Лајн“, од Касандра до Аја Параскеви
    • Локацијата „Арапис“
    • Локацијата „Халковуни“ во заедницата Паљури

    На влезовите на овие шумски патишта ќе има засилени контроли од страна на грчката полиција. За непочитување на забраната за движење е предвидена административна казна во износ од 300 евра.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.