- Започна проектот за обнова на Римските терми во Банско вреден над 1,3 милиони евра
- Од следната недела младите ќе можат да аплицираат за грантови од 10.000 евра за сопствен бизнис
- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
- Син тепал татко, ќерка-мајка: Осум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие, уапсени шест лица
- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
- Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
- Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
Author: Author 04
ОВЕН: Фокус на кариерата и решителни чекори Денес чувствувате силна мотивација да се фокусирате на вашата кариера или на долгорочните цели. Месечината во Јарец ве поттикнува да размислувате сериозно за насоката што ја следите. Со поддршката од Марс во Риби, имате енергија да преземете конкретен чекор. Дури и мал, но решителен потег денес може да направи огромна разлика во иднина. БИК: Практична визија за иднината Фокусот е ставен на проширување на вашата перспектива. Месечината во Јарец ви помага да размислувате за иднината на практичен начин, додека Марс во Риби носи ентузијазам преку пријателства или заеднички идеи. Денес може да почувствувате…
Во СВР Велес вчера во 10:30 часот било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат 64 годишниот Д.И. од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат денеска од СВР Велес.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на Македонско–јапонскиот бизнис форум, организиран од Амбасадата на Јапонија во Скопје. На настанот учествуваат повеќе од 150 претставници од бизнис-заедницата, а во негови рамки се одржуваат и B2B средби за вмрежување и директна соработка меѓу компании од двете земји. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи важноста на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете држави и истакна дека традиционално добрите билатерални односи треба да се преточат во уште поинтензивна деловна соработка. „Нашите две земји имаат традиционално одлични и пријателски односи, изградени врз основа на меѓусебна почит, доверба и…
СВР Тетово соопшти дека утрово во 08:56 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен пожар. – Пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на Ш.Д.(70) од Тетово. Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д.(70) од Тетово, сопруга на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.
Уставниот суд ги отфрли трите иницијативи со кои се оспоруваа одредбите од Законот за прекршоци поврзани со системот „Сејф сити“. Судиите оценија дека нема основа за поведување постапка против дигиталното известување за сообраќајни прекршоци. Уставната судијка Ана Павловска-Данева беше децидна дека законот важи за целата територија на државата, а не само за одредени општини каде моментално се поставени камерите. Според неа, прашањето за тоа каде точно ќе се применува технологијата е одлука на извршната власт, а не уставно прашање. Судот останува да одлучува по уште една иницијатива, која се однесува на контроверзната одредба за одземање на возила.
Пролетните земјоделски активности во Крива Паланка повторно ги активираа пожарникарите. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) алармира дека само од почетокот на март имале десетина интервенции, најчесто на отворен простор каде се опожарени големи површини мешовита шума и пасишта. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, предупредува дека несовесното палење стрништа и фрлањето догорчиња веќе предизвикале сериозни материјални штети. Во селата Мала Црцорија и Луке, пожарникарите едвај спречиле огнот да ги проголта локалните викенд куќи. Властите апелираат на крајна внимателност и почитување на забраната за палење оган на отворено.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се прави значаен чекор кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните. Со Правилникот подетално се уредуваат постапката за поднесување на барање, потребната документација, начинот на работа на стручните комисии и второстепената комисија, како и издавањето и евиденцијата на наодите, оцените и мислењата. Клучната новина е што кон барањето ќе се доставува наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, изготвено од стручна комисија. Оваа промена носи двојна…
Оперативната команда на иранската армија „Хатам Ал-Анби“ објави драматична промена во својата воена стратегија. Наместо досегашните „одмазднички удари“, Техеран преминува кон тактика на континуирани напади врз своите противници. Портпаролот Ебрахим Золфагари упати директна закана дека секој танкер што плови кон САД или нивните сојузници ќе биде сметан за легитимна цел. „Подгответе се за нафта од 200 долари за барел“, порачаа од командата, посочувајќи дека регионалната безбедност е целосно дестабилизирана. Оваа ескалација доаѓа во момент кога протокот низ стратешкиот Ормуски теснец е практично парализиран, што веќе ги вивна цените на нафтата до рекордно ниво од 120 долари по барел.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савевски, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави: „Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да…
Вчера шест пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода пет лица во Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа. На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко. На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49)…
