Првичните индиции за случајот во Богданци упатуваат на убиство и самоубиство, но настанот ќе биде целосно испитан.
Основото Јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид, прибрани се снимки од видео надзор, а телата се предадени на обдукција.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан, велат од ОЈО.

