Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    04.11.2026 во 13:36

    Брисел со лоши вести за Македонија: Нема напредок

    04.11.2026 во 13:26

    Не застанал на полициски знак, удрил во возило на МВР, па ги нападнал полицајците – 27-годишник заработи кривична

    04.11.2026 во 13:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ
    • Брисел со лоши вести за Македонија: Нема напредок
    • Не застанал на полициски знак, удрил во возило на МВР, па ги нападнал полицајците – 27-годишник заработи кривична
    • Тошковски: Возачите научија каде се сејф сити камерите – воведуваме нов начин на снимање
    • Колку често Ви го читаат броилото за струја – се пожалиле само 0,13% од корисниците
    • Македонец уапсен во Грција – бил баран со меѓународна потерница
    • ФЗОМ ги засилува контролите: Болниците и клиниките ќе се проверуваат дали им наплаќаат на пациентите за бесплатни услуги
    • Јаневска најави нови активности во училиштата: Децата ќе учат како да се однесуваат безбедно во сообраќајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    04.11.2026 во 13:364 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Билатералните спорови не треба да бидат пречка за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија, а искуството на Хрватска во односите со Црна Гора треба да послужи како пример за надминување на блокадите во процесот на проширување, порачаа денеска претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на хрватската општина Пировац и копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ, Иван Гулам.

    По 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет, Ѓорѓиевски оцени дека повеќегодишните блокади го попречуваат развојот на државата и ги лишуваат граѓаните од пристапот до европските фондови.

    Денеска се одржува 26. седница на Заедничкиот консултативен комитет меѓу нашата држава и Европската Унија, на која учествуваат и претставници на општините од земјите членки … Наша задача како локални самоуправи е да ја доближиме Европската Унија до граѓаните. Тоа значи да им овозможиме да живеат во слични или исти услови како граѓаните во земјите членки на ЕУ и нивните општини, да имаат уредени градинки, училишта, патна и подземна инфраструктура, согласно стандардите што ги имаат нашите европски пријатели – рече Ѓорѓиевски.

    Тој апелираше хрватскиот позитивен модел во односите со Црна Гора да се примени и во однос на Бугарија.

    Упатувам апел примерот и практиката што Хрватска ги воспостави во односите со Црна Гора да се применат и во случајот со нашата држава, Македонија. Историјата треба да им ја оставиме на историчарите, а ние, како политичари, треба исклучиво да се занимаваме со реформите и напредокот на нашата држава – подвлече Ѓорѓиевски.

    Осврнувајќи се на подготовките за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, тој соопшти дека средствата од Владата и Градот се префрлени на Фондацијата и најави реконструкција на Универзалната сала, Скопското кале, Аквадуктот и Старата пошта.

    Титулата Европска престолнина на културата треба да ја гледаме од два аспекта – Првиот е добро да се претставиме и вториот аспект е наследството што треба да произлезе од целиот процес … Овој процес не го реализираме сами, нашите тимови постојано комуницираат со градоначалниците на градовите, кои веќе имаат такво искуство. Веќе ги имаме утврдено локациите што ќе бидат сцени за различните настани. Универзалната сала се гради, рокот за завршување на работите е крајот на следната година. Од друга страна, ја имаме Скопската тврдина, Аквадуктот повеќе од 30 години е запоставен и се наоѓа во незавидна состојба … Старата пошта е една од локациите на кои се планира организирање настапи. Тука е и кејот, кој во целост ќе биде вклучен во програмата, бидејќи во текот на 365 дена ќе се одржуваат различни настапи и настани – истакна Ѓорѓиевски.

    Копретседавачот од Хрватска, Иван Гулам, нагласи дека билатералните прашања не смеат трајно да го блокираат евроинтегративниот процес.

    Како што повеќепати истакнавме во денешната дискусија, билатералните прашања не смеат трајно да го блокираат процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија – порача Гулам, додавајќи дека реформите се спроведуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

    Би сакал да ви порачам да останете истрајни на патот на реформите. Не затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што реформите на долг рок сигурно ќе им донесат многу придобивки и подобар квалитет на живот на граѓаните на Република Северна Македонија – нагласи Гулам.

    Во врска со праксата од хрватските преговори, тој појасни дека прашањата од минатото не треба да го запираат процесот на зачленување.

    Во преговорите со Црна Гора, Република Хрватска зазеде став дека билатералните спорови треба да се решаваат, но дека не треба да се блокира процесот на пристапување. Сакаме да ги решиме прашањата што произлегуваат од минатото, но не сакаме да ја менуваме туѓата историја. Не сакаме да заземеме позиција според која, доколку не се исполнат условите што ги поставува Република Хрватска, нема да има членство во Европската Унија – истакна Гулам.

    Прочитај повеќе

    Филипче бара оставка од Славески: Да не се обидува да го спаси Мицкоски

    04.11.2026 во 12:12

    (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу

    04.11.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.