Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка

    04.11.2026 во 13:40

    Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    04.11.2026 во 13:36

    Брисел со лоши вести за Македонија: Нема напредок

    04.11.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка
    • Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ
    • Брисел со лоши вести за Македонија: Нема напредок
    • Не застанал на полициски знак, удрил во возило на МВР, па ги нападнал полицајците – 27-годишник заработи кривична
    • Тошковски: Возачите научија каде се сејф сити камерите – воведуваме нов начин на снимање
    • Колку често Ви го читаат броилото за струја – се пожалиле само 0,13% од корисниците
    • Македонец уапсен во Грција – бил баран со меѓународна потерница
    • ФЗОМ ги засилува контролите: Болниците и клиниките ќе се проверуваат дали им наплаќаат на пациентите за бесплатни услуги
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка

    Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка

    04.11.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека најавите на гувернерот Трајко Славески за продажба на Алта банка и нејзино преземање од друга банка, го отвораат прашањето кој би преземал банка која во моментот е со сериозно нарушена репутација. Филипче посочи дека тоа што најавува Славески е процес кој не може да се заврши преку ноќ, како што најавува гувернерот, особено имајќи предвид дека станува збор за банка чија сопственичка структура и финансиско работење се под истрага.

    „Тоа е процес кој што зема време. Која е таа банка која што ќе влезе во некоја ваква банка, која што има проблем со репутацијата, која што е под истрага не само во Србија, туку е под будното око насекаде во Европа за сомнителни трансфери на пари кои што се поврзани со Русија и тоа едноставно така брзо нема да може гувернерот да го реши“, рече Филипче.

    Филипче посочи дека граѓаните имаат сериозна причина да се сомневаат во способноста на гувернерот да донесе правилна одлука за иднината на банката, откако претходно дозволи нејзино влегување на македонскиот финансиски пазар.

    „Се поставува прашањето како можат сега граѓаните на Македонија да му веруваат на гувернерот дека ќе донесе некаква друга добра одлука за продажба на оваа банка, имајќи предвид каква лоша одлука донел кога Алта банка влегувала на нашиот пазар. Па тој човек нема кредибилитет веќе да каже дека се грижи за финансискиот сектор, се грижи за доброто на граѓаните“, рече Филипче.

    На прес-конференцијата, Филипче повторно ги повика Мицкоски и Славески да одговорат на прашањата за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, кој е во притвор, како и за сомнителните финансиски текови пред преземањето на Алта банка Битола.

    „Сè уште нема одговор од гувернерот, ниту од премиерот, зошто не провериле каков капитал влегува во земјата? Зошто не провериле каква репутација има газдата на Алта банка кој што од вчера е во притвор, Давор Мацура? Имало ли трансфери на пари пред купувањето на Алта банка Битола? Било ли укажувано на што посебно треба да одговори премиерот на државни и јавни претпријатија непосредно пред или непосредно после оваа трансакција пред Алта банка Белград да ја купи Битолската банка, да ги префрлат своите сметки во таа банка?“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ

    04.11.2026 во 13:36

    Филипче бара оставка од Славески: Да не се обидува да го спаси Мицкоски

    04.11.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.