Вчера во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
- Тројца тешко повредени во судир на „мерцедес“ и „цитроен“ во Скопје – едниот возач е малолетник
- Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка
- Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ
- Брисел: Клучните реформи мора да се спроведат, Македонија целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика
- Не застанал на полициски знак, удрил во возило на МВР, па ги нападнал полицајците – 27-годишник заработи кривична
- Тошковски: Возачите научија каде се сејф сити камерите – воведуваме нов начин на снимање
- Колку често Ви го читаат броилото за струја – се пожалиле само 0,13% од корисниците
- Македонец уапсен во Грција – бил баран со меѓународна потерница

