Author: Author 04

Жителите од одделни улици и локации во населеното место Долно Лисиче утре, 29 јули, ќе останат привремено без снабдување со електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа. Според известувањето, од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на Патот за Долно Лисиче, на потегот од трансформаторската станица кон Горно Лисиче. Во истиот временски период, односно од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и за објектите на Патот за Долно Лисиче околу „Пе Бо Трејд“, „Делта МКС“ и „Про Авто Маркет“.

Повеќе

Белгија беше потресена од веста за бруталниот грабеж на фудбалерот на Унион Сен Жилоа, Мохамед Фусеини, кој стана цел на организирана група разбојници на сред бел ден на улиците на Брисел. Целиот инцидент беше снимен од камера на минувач, а снимката набрзо стана јавна и предизвика бројни реакции. Според белгискиот весник HLN, репрезентативецот на Гана бил во паркиран автомобил кога му се приближила група од пет маскирани мажи со качулки. Напаѓачите не се двоумеле ниту за момент, насилно ја отвориле вратата од автомобилот, го извлекле фудбалерот и се обиделе да му го грабнат мобилниот телефон од рацете. Фусеини се обидел…

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(33) од Скопје пријавил дека околу 11:40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, во обид да го паркира товарното возило, кое го управувал, со ретровизор удрил едно лице. Како што се наведува во полицискиот билтен, лицето подоцна му го оштетило ретровизорот и физички го нападнало, при што употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. „Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна.Со овој инструмент создаваме финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврден рок.Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни…

Повеќе

Основниот суд во Сплит му одреди мерка притвор на 21-годишен норвешки државјанин, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело силување врз 19-годишна девојка од Ирска. Според хрватското обвинителство, инцидентот се случил на 19 јули на подрачјето на Сплитско-далматинската жупанија. Судот го прифати предлогот на обвинителот и одреди притвор поради опасност од бегство на осомничениот, кој по професија е морнар. Според полицискиот извештај, двајцата се запознале во ноќен клуб во Пољуд околу еден часот по полноќ. По пијалакот, тие со такси се упатиле кон плажата Бачвиќи. На нејзина согласност, влегла во морето да пливаат. Истрагата наведува дека додека девојката пливала,…

Повеќе

Поранешниот шпански фудбалер Борха Ферер почина овој понеделник на 44-годишна возраст по тешка и долга болест, објави шпанскиот медиум „Телесинко“. Ферер, кој е роден во Барселона на 6 февруари 1982 година, најголемиот дел од кариерата го помина во шпанските клубови Херез, Реал Мадрид, Понферада, Рајо Ваљекано, Кастелдефелс и Алкала, каде што и стави крај на професионалното играње. Меѓу позначајните моменти во неговата кариера беше настапот за тимот на Херез, со кој во сезоната 2001/02 оствари пласман во Втората лига на Шпанија и каде што остана четири сезони. Според информациите на „Телесинко“, поранешниот фудбалер во 2024 година беше подложен на сложена…

Повеќе

Иран поседува повеќе типови балистички ракети со среден дострел кои можат да достигнат цели на територијата на Украина, пишува порталот „Дифенс експрес“. Анализите за воените капацитети на Техеран доаѓаат по најавите за одмазда поради наводниот украински напад врз ирански брод во Каспиското Море. Според „Дифенс експрес“, иранскиот арсенал ги вклучува балистичките системи „Гадр“, „Емад“, „Сеџил“ и „Хорамшахр“, чиј оперативен дострел се проценува од 2.000 до 4.000 километри. Најмоќниот систем меѓу нив е „Хорамшахр“, кој во варијанта од 2.000 километри може да носи боева глава со тежина од 1.500 килограми, а развиена е и кластерска верзија. Во публикацијата се наведува дека…

Повеќе

Колумбиската полиција води интензивна истрага по убиството на 21-годишната Марија Камила Потоси, која била во осмиот месец од бременоста. Нејзиното тело било пронајдено со повеќекратни убодни рани, а според полициските информации, напаѓачите го извадиле фетусот од нејзиниот стомак. Потрагата по новороденчето е во тек. Потоси исчезнала на 16 јули откако го напуштила својот дом во Кали за да отиде на пренатален преглед, само неколку дена откако дознала дека носи девојче. Според снимките од безбедносните камери, таа последен пат е видена на мотоцикл управуван од жена која ја запознала два месеци претходно преку програма за поддршка на бремени жени. Жената веќе…

Повеќе

Албанскиот пратеник и лидер на партијата „Можност“, Агрон Шехај, е обвинет за кражба на доверливи документи од просториите на албанското Собрание за време на пленарна седница. Станува збор за нацрт-договор за заем од 302 милиони долари со САД, а при обидот да биде спречен од администрацијата, вработена службеничка паднала по скалите. По инцидентот, претседателот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, затражи итно апсење на Шехај, обвинувајќи го за нелегално одземање парламентарни документи и физичка агресија врз вработена. „Агрон Шехај треба да биде уапсен за кршење на законот. Крадецот на лични податоци на Албанците сега почна да краде парламентарни…

Повеќе

Додека многумина сонуваат за финансиска независност, астролозите посочуваат дека одредени хороскопски знаци поседуваат карактерни особини кои природно ги водат кон висок животен стандард. За нив парите претставуваат природна алатка за постигнување удобност и квалитет. Еве кои пет хороскопски знаци имаат најизразени предиспозиции за градење богатство и уживање во луксуз:

Повеќе