Author: Author 04

Ноќеска во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар.Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење. „Квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата. Туку е факт. И јавно здравствено значење има овој факт. Граѓаните мора едноставно да го знаат. Затоа бараме, итно, вонреден надзор и анализи на сите водоснабдувачки станици во државата. Итно да се објавата резултатите…

Повеќе

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на последиците, работевме и на системско решение за финансиска поддршка на најпогодените. Како и секогаш кога граѓаните се соочуваат со предизвици, и овојпат Општина Центар стои покрај нив. Во моменти…

Повеќе

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеаматеријална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на ГрадСкопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднашформира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката заприем на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализираво соработка со Владата и со Градот Скопје.Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, аможе да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк:https://shorturl.at/L3rcJОбразецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со претходна пријава за семејно насилство. Тој од жената барал да каже дека ништо во врска со претходниот настан не се случило, дека се смирени и живеат заедно без никакви…

Повеќе

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни надзори во Гостиварско со кои беа опфатени угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници и производители на храна. Главниот акцент при контролите беше ставен на тоа дали операторите ја почитуваат донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Инспекторите констатираа дека кај сите контролирани објекти забраната за пиење и миење садови се почитува, односно за работните процеси се користи пакувана и безбедна вода, како и прибор за еднократна употреба. Сепак, при надзорите беа утврдени други неправилности, при што беа затекнати 11 нерегистрирани правни лица на кои им…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави: „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се остави. Неисплатени плати во АД Водостопанство, 3 плати не беа исплатени на работниците, сега тоа оди месец за месец, со самото тоа и придонеси. Акумулациите беа претворени во мочуришта, буквално, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото Езеро.…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот Градски базен во Кавадарци. За време на посетата, премиерот посочи дека овој спортско-рекреативен центар има регионално значење за целиот крај. „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен“, истакна Мицкоски. Тој потенцираше дека од целосно запуштен објект, просторот е трансформиран во функционална содржина за најмладите. „Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“. При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста. По консумирањето на алкохолот, малолетникот  паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.

Повеќе