Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме

    Мицкоски: За две години се исплатени над 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, ја санираме катаклизмата што ја наследивме

    23.07.2026 во 13:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави:

    „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се остави. Неисплатени плати во АД Водостопанство, 3 плати не беа исплатени на работниците, сега тоа оди месец за месец, со самото тоа и придонеси. Акумулациите беа претворени во мочуришта, буквално, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото Езеро. Конкретно лозарите, среќа беше да добијат вода за наводнување на поседите, сега гледате со домаќинско работење тоа веќе не е проблем. Тоа е, како да кажам нормална работа, но кога ќе се спореди со состојбата тогаш, тогаш беше проблем. Неколку неисплатени плати во Национални шуми и долгови кон земјоделците по основ на директни плаќања од 2020-2021 година. Сега веќе ги завршуваме, со ребалансот ќе се доисплатат и за полјоделците и за млекарите од 2025 година. И веќе е почнат циклусот на пријавување за субвенции за директни плаќања во 2026 година. До сега се повеќе од 15 милијарди денари за две години, исплатени директни субвенции кон земјоделците. Имаме зголемување на производството и намалување на дефицитот, кога станува збор на увоз-извоз на земјоделски производи. 

    Ете тоа се резултатите што можевме за овие две години, после онаа катаклизма којашто ја наследивме од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и сега по ново, на која што се приклучи во коалицијата и политичката партија Левица. Но тие тоа ќе го водат како политика и понатаму. Ќе се трудат да ја отежнат работата на Владата. А ние имаме своја цел, имаме фокус, имаме приоритети и врз основа на тоа, ние ќе ги водиме нашите политики. 

    На крајот од денот, на избори граѓаните ќе гласаат. Многу ќе биде јасен изборот, од едната страна ќе биде коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, од другата страна ќе биде коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас. Ако, нормално одлучат да го дадат за коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ, реформите, проектите ќе продолжат. Ако одлучат да го дадат гласот  за коалицијата ДУИ, СДСМ и политичката партија Левица, ќе имате работа со луѓе коишто се нихилисти, повторно ќе гледате фудбалчиња по канцеларии, ќе гледате како марихуаната станува вносен бизнис во државата, шверц, криминалците повторно ќе се вратат на улиците, ќе ги ослободат од затворите, значи тоа е разликата помеѓу едната и другата Влада. Така што националните предавства ќе се потпишуваат договори за сѐ и сешто. Ова што ние како Влада го нудиме е одбрана на достоинството, на интересите, на приоритетите, тоа се концептите коишто ги нуди коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во којашто се политичките партии СДСМ, ДУИ и Левица. Тоа е отприлика.“

    Прочитај повеќе

    Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките

    17.08.2026 во 23:01

    Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

    17.08.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.