Author: Author 04

Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше соопштение за вкупно шест пожари на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот попладнево. Според официјалните податоци, во моментов активен е еден пожар, четири се ставени под контрола, додека еден е целосно изгаснат. Единствениот активен пожар е забележан на подрачјето на Општина Делчево, во близина на градските гробишта, каде што е зафатена ниска вегетација. Под контрола на противпожарните екипи се четири пожари на следниве локации: Од ЦУК информираат дека целосно е ликвидиран пожарот во Општина Кочани, кој изби на улицата „Иван Иванов Балашо“ и зафати ниска вегетација. Противпожарните тимови и надлежните…

Повеќе

Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму. На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека политичкиот дијалог меѓу Скопје и Њу Делхи добива нов интензитет, а фокусот во следниот период треба да биде ставен врз економската соработка. Таа посочи дека целта е трговската размена од сегашните 133 милиони долари да се зголеми на 500 милиони американски долари во наредните пет години. Претседателката ја нагласи важноста на првата претседателска посета и односите меѓу двете држави: „Почитувана госпоѓо…

Повеќе

Владата воведе ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, соопшти денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова. На денешната прес-конференција таа истакна дека новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Според Арсова, во тек е и ревизија на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош. Пратеничката ги изнесе деталите за затечените состојби и планираните законски измени: „Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во…

Повеќе

При денешната посета на Гостивар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати серија прашања на кои Владата и Министерството за здравство треба да одговорат во врска со епидемјата во Гостивар, и за кои граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Едно од прашањата се однесува на начинот на кој се менаџира епидемијата, за што Филипче посочи дека институциите потфрлија во навременото откривање и спречување на кризата. „Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорността за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно какво може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа…

Повеќе

Опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ се обединија против спроведувањето на реформите во државата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На денешната прес-конференција тој истакна дека Владата досега самостојно исполнила девет од вкупно десет предвидени реформски закони. Според Манасиевски, опозициските партии сносaт директна одговорност за неисполнувањето на десеттиот закон од пакетот. Портпаролот на владеачката партија ги изнесе сите детали за политичката блокада на реформскиот процес: „СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото…

Повеќе

Современите методи за експлоатација на бакар овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително се разликуваат од рударските практики што се применувале во минатото. Ова го оценува професорот Благој Голомеов, коментирајќи ја технологијата предвидена за проектот „Иловица – Штука“.Според него, процесот на преработка на рудата е добро познат во светската рударска практика и се спроведува преку контролирани технолошки процедури кои овозможуваат безбедно управување со производниот процес.„Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример, за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90…

Повеќе

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на пловила за кои не е спроведена соодветна царинска постапка, истата да ја регулираат во најкус можен рок. Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека како дел од државната делегација учествувал на средбата со претседателката на Индија, Друпади Мурму. Високата гостинка од Индија престојува во дводневна официјална посета на земјава. На средбата биле разгледани повеќе клучни области за идна билатерална соработка и унапредување на односите. Муцунски преку својот официјален профил ги истакна главните теми кои биле предмет на разговор: „Како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска остваривме средба со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. Разговаравме за унапредување на политичкиот дијалог, меѓуинституционалната и…

Повеќе

На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска“ во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа, утре (22 јули) без електрична енергија ќе останат корисници од општините Зелениково и Кисела Вода, соопшти ЕВН. Во општина Зелениково, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците на улица „4“ и улица „2“. Прекинот на оваа локација е предвиден во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот. Во истиот ден, без струја ќе останат и жителите од населеното место Драчево. Станува збор за дел од улицата „Китка“, лоциран лево од гробиштата, по ридот. За корисниците во овој дел од Драчево, прекинот ќе трае од 12:00 до 15:00 часот. По завршувањето на планираните работи…

Повеќе