Author: Author 04

Четиригодишно момче го загуби животот откако се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик. Луѓето кои се затекнале на местото на настанот сведочат за драматичните моменти за време на спасувањето: „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден од очевидците за локалните медиуми. Медицинскиот тим веднаш започнал со реанимација и ги презел сите можни мерки за да му го спаси животот на малото дете. По сите обиди за спасување, лекарите…

Повеќе

Двајца американски туристи се полесно повредени утрово во напад со нож во непосредна близина на Акрополот во Атина, објави грчката телевизија Скај. Според првичните информации напаѓачот е грчки државјанин за кого се наведува дека има сериозни психички нарушувања. Тој првично ги заплашувал минувачите со нож на јужниот влез од историскиот локалитет. Потоа било утврдено дека истото лице, без никаков повод или причина, со нож им нанело полесни повреди во пределот на рацете на американските туристи. Напаѓачот бил брзо совладан и приведен од страна на полициските службеници кои биле присутни на терен. Засега полицијата нема објавено дополнителни детали за идентитетот на…

Повеќе

По познатото силно невреме што деновиве го зафати Стар Дојран и предизвика материјални штети, актерот и шоумен Игор Џамбазов ги сподели своите импресии од невремето. Џамбазов, кој веќе долго време живее и гради дом крај Дојранското Езеро, објави видеоснимка на социјалните мрежи која го прикажува интезитетот на атмосферските непогоди. Познатиот уметник го опиша хаосот во Дојран со директна споредба: „Невремето вчера беше како од некој научно-фантастичен филм“ Обилните врнежи проследени со силен ветар предизвикаа соборување дрвја и оштетувања на инфраструктурата, но за среќа не беа регистрирани повредени лица. View this post on Instagram A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Повеќе

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо. Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедува стабилност на јавните финансии, се обезбедува редовна исплата на сите законски обврски на државата, а истовремено се зголемуваат средствата за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита, образование, спорт и локален развој. “Ребалансот на Буџетот ќе…

Повеќе

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот. „Мотото на овој проект е „Вози совесно“, а токму тоа ни е и целта, младите навремено да се стекнат со возачка обука, да бидат подготвени и одговорни кога ќе седнат зад воланот.…

Повеќе

Петнаесетгодишното момче Џереми почина откако конзумирало говедски колбас, а медицинската истрага потврди дека смртта била предизвикана од алергија на месо добиена по убод од крлеж. Ова е прв официјално регистриран случај во светот каде каснување од крлеж предизвикува фатална анафилакса и напад на астма, позната како алфа-гал синдром или MMA алергија. Мајката на момчето, Мејфанви Веб, се присетува на првите симптоми кои се појавиле години пред трагичниот исход и жали што тогаш не биле направени сите детални анализи: „Донесов погрешна одлука“, вели Веб, жалејќи се што не побарала понатамошно тестирање. Да го сторила тоа, лекарите можеби ќе утврделе дека Џереми…

Повеќе

Кратко невреме ја зафати територијата на Општина Крива Паланка, предизвикувајќи проблеми на повеќе патни правци и улици. По стивнувањето на невремето, до Територијалната противпожарна единица Крива Паланка пристигнале повеќе дојави за паднати дрвја. Штети и блокирани сообраќајници биле регистрирани во селото Конопница, селото Мождивњак и на улицата „Св. Јоаким Осоговски“. Дежурните екипи на ТППЕ Крива Паланка веднаш излегле на терен за расчистување на теренот и отстранување на дрвјата. Во интервенциите било ангажирано едно противпожарно возило со три пожарникари. На терен се вршела заедничка координација со екипите на ЈП „Македонија пат“ – Секција Крива Паланка и дежурните служби на ЕВН.

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави воведување на 50% царини за широк спектар на производи од Канада, обвинувајќи ја земјата за дискриминаторски третман кон автомобилите, алкохолните пијалоци и млечните производи од Соединетите Американски Држави. Новите царини треба да стапат на сила на 19 август и ќе се применуваат на канадскиот извоз во вредност од речиси 20 милијарди долари, соопшти Канцеларијата на трговскиот претставник на САД. Тоа претставува околу 5,2% од вкупниот увоз на САД од Канада, кој изнесуваше 382 милијарди долари минатата година, објави Ројтерс. Тарифите ќе опфатат, меѓу другото, вино, цемент, опрема за хокеј на мраз, млечни производи, мебел,…

Повеќе

Деновиве организираната криминалната група ВМРО повторно ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот, со лажни обвинувања, врз СДСМ и претседателот проф. д-р Венко Филипче, се вели во соопштението од СДСМ.  „Ова е срамно. Да се играш со чувствата на семејствата на настраданите, само за да се нападне политичкиот противник, покажува дека оваа група нема ни најмала капка морал и емпатија. Сега, по истиот рецепт, во Гостивар ја обвинуваат СДСМ за труењето на граѓаните, иако СДСМ нема никаква врска со тој настан. Кога гледате како ВМРО-ОКГ постојано ја користи туѓата несреќа за да ја прикрие својата одговорност,…

Повеќе

Органите не работат според чувствата на СДС и Филипче, туку според факти и докази, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „А фактите говорат тројца приведени за труењето со водата, детална анализа за тоа како и што е загадена, и целосна мобилизација на институциите. А кога последен пат работеа чувствата на Филипче за профит, 14 живи изгореа во модуларната болница, направена од вицепремиерот во неговата влада и десетици илјади умираа од корона, додека Венко договараше приватни провизии за набавка на кинески вакцини. А ако имаше достоинство, Филипче немаше ниту да ја прифати улогата на маскота на партијата…

Повеќе