- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Март 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. На настанот учествуваа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор. Министерот Тошковски нагласи дека семејното и родово базираното насилство е проблем кој постои со години и за кој мора да се зборува отворено, со цел заеднички – институциите, граѓаните и целото општество – да се фокусираат на изнаоѓање ефикасни решенија. „Првата тема што сакам да ја отворам…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Д.(20), Р.М.(20) и 19-годишната Е.В., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати.Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог…
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане. После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што…
Извор: https://www.freepik.com/ Со зголемување на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпадот станува сè поважна. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата, и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за развивање на долготрајни еколошки навики и одговорност кон животната средина. Образовните институции, како основни, средни училишта и факултети, имаат значајна улога во поттикнување на практично учење и одржливи практики. Тие можат да интегрираат активности за управување со био отпад преку различни пристапи. На…
Утрово во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М.(39) од с.Отља, липковско. Тој се сомничи дека во 00:15 часот од с.Ропаљце кон с.Никуштак, липковско, од возило „џип“ во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило „опел омега“ сои кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш.(45) од с.Отља, и Х.А.(43) од Куманово. Повредени лица нема и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерот за здравство Азир Алиу објави дека уште три компании за производство на медицински канабис останаа без своите лиценци, со што вкупната бројка на затворени фирми се искачи на девет. Ова доаѓа по засилените контроли кај вкупно 43 лиценцирани субјекти, каде биле откриени шокантни неправилности. Меѓу најсериозните пропусти се затекнати отворени и непечетирани залихи на сув цвет, несовпаѓање на количините во сеф-собите со она што е запишано во книгите, како и недостиг на документација за продажба и трансфер. „Досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица. Истражуваме дали петте тони марихуана запленети во Србија се директно поврзани…
