- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Со 64 гласови „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција истакнаа дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозицијата критикуваше дека тој не е развоен ниту социјален. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето експозе посочи дека ова претставува навремено усогласување на буџетските проекции со новите економски околности. „Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она…
Министерството за внатрешни работи (МВР) од следниот месец ќе започне со примена на брзи тестови за откривање присуство на наркотични средства кај возачите за време на сообраќајните контроли. Според информациите објавени во медиумите, полициските службеници на терен ќе можат веднаш да направат проверка кај возачи кај кои ќе има сомнеж дека управуваат под дејство на дрога. Со земање брис од плунка, резултатот ќе биде достапен за три до десет минути. Имено, Министерството веќе набавило првична количина од 10.000 тестови, кои се очекува да пристигнат во почетокот на август. Еден тест чини 218 денари, а набавката е дел од двегодишна рамковна спогодба…
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според полициски извори од Црна Гора, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената со автомобил „Мерцедес“ наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот таа се обидела да ја напушти земјата, но била запрена и лишена од слобода на граничниот премин Сукобин – Муриќани. Одбраната изнесува поинаква верзија за настанот, посочувајќи дека шарпланинецот претходно го усмртил нивното мало куче од расата шицу и ги нападнал осомничената и нејзиниот малолетен…
Вчера во 21:30 часот во с.Кривогаштани, општина Кривогаштани, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес”, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува возака дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово. Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото.
Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот кон Пелистер. Несреќата била пријавена во СВР Битола во 14:45 часот. Според полицискиот извештај, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл на регионалниот пат Битола – Пелистер, изгубила контрола врз возилото и се превртела. По несреќата, жената со возило била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на сообраќајката извршила увидна екипа од СВР Битола. Полицијата работи на целосно документирање на случајот.
Ноќеска околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа. Зафатот ќе се реализира на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови. Поради оваа интервенција, од претпријатието упатија апел до сите граѓани и посетители да не ја користат водата за пиење. Од ЈПКД „Маврово“ потенцираат дека во овој период водата од мрежата треба да се користи исклучиво како техничка вода. По завршувањето на теренските активности, јавноста ќе биде дополнително известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање.
Во текот на вчерашниот ден и денешниот во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(19), Л.А.(23), З.Б.(51), Ш.Б.(51), И.В.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица кај кои викендов беа пронајдени различни количества наркотична дрога. Сите четири лица се сомневаат за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај се опфатени татко и син (50 и 19 години), кои во домот на улицата „Македонско-косовска бригада“ држеле околу пет килограми марихуана спремна за продажба и три дигитални ваги. Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново, кај кого при претрес биле пронајдени 1,8 килограми марихуана поделени во…
