Author: Author 04

Денеска во 04:05 часот во Полициското одделение Матејче, Џ.Е. (25) од Скопје, пријавил дека пред куќа во село Ропаљце, општина Липково, две лица со запалива течност предизвикале пожар во неговото возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки-соопшти полицијата. Тој го изгаснал пожарот во кој повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот

Повеќе

Трошоците на животот во февруари бележат благ раст од 0,2% во споредба со јануари, но вистинскиот притисок се чувствува на годишно ниво. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година е зголемен за 2,9% во однос на истиот месец минатата година. Што поскапе најмногу во февруари? Најголем скок на цените на месечно ниво е забележан кај услугите за образование, кои пораснале за високи 4%. Веднаш по нив се облеката и обувките со раст од 1,1%, како и производите за лична нега и социјална заштита (0,9%). Иако минимално (0,2%), пораснале и трошоците…

Повеќе

Ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Ржаничино – село Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од село Орешани,скопско, излетало надвор од коловозот. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г. (21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за континуирано манипулирање со јавноста. Според Жерновски, терминот „вистинска вистина“ кој го употребува Мицкоски е само параван за, како што рече, неговите бројни излажани ветувања. Жерновски потсети на ветувањето на Мицкоски од 2019 година дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите, што не се случи. Обвинувања дека Мицкоски ги излажал гласачите за промена на Преспанскиот договор, притоа премолчувајќи дека тоа би значело враќање на ФИРОМ и напуштање на НАТО. СДСМ тврди дека власта намерно измислува конфликти со соседите за да ја…

Повеќе

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 11 без возачка дозвола, од кои еден малолетник, девет управувале возило по дејство на алкохол и три со активна забрана Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, девет за управување на возило под дејство на алкохол и еден за возење и покрај тоа што имал активна забрана. Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Тетово – седум, на подрачјето на СВР Куманово – пет, по три на на подрачјата на СВР…

Повеќе

Вчера во 07:13 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во поранешна фабрика во Прилеп лоцирана на ул. „Карпалак”, без траги на насилство пронајден е починат маж(64) од Прилеп, лице ангажирано како обезбедување во стражарската куќичка. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Повеќе

Денеска западна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на мала длабочина од само седум километри, што придонело за силното чувство на нишање на тлото. Очевидци за EMSC изјавуваат дека земјотресот траел необично долго, предизвикувајќи паника кај населението. Набргу по главниот удар, регистриран е и афтершок со магнитуда од 3,4 степени.

Повеќе

Овогодинешниот Ден на жената во соседството се претвори во вистински кошмар. 35-годишен маж во Темишвар, Романија, ја избодел својата мајка до смрт во станот каде што живееле заедно. Страшното злосторство доби уште побизарна завршница кога убиецот, целиот облеан во крв, излегол на улица и во напад на бес почнал да ги крши стаклата на паркираните возила. Соседите, згрозени од сцената, успеале да го задржат подивеаниот маж до пристигнувањето на полицијата. Иако итните служби се обиделе да ја спасат несреќната жена, повредите од нож биле фатални. Убиецот е уапсен и со рани на рацете е пренесен во болница под силно полициско…

Повеќе

Дека законот е ист за сите, докажа еден сообраќаен полицаец во Славонија кој не се двоумел да го запре и казни својот претпоставен. Иако возел службено полициско возило „Форд“, 60-годишниот началник бил пресретнат бидејќи не носел сигурносен појас, а дополнително кај себе ја немал ниту возачката дозвола. Началникот на суд се обидел да се извлече со приказната дека појасот го извадил дури откако запрел, но неговиот колега останал доследен на својот записник. Дури и при соочувањето „очи во очи“ во судницата, помладиот полицаец не отстапил од тврдењето дека началникот направил прекршок. Епилогот? Казна од 160 евра за искусниот полицаец со…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека зголемувањето на цената на нафтата предизвикано од војната во Иран е мала цена што треба да се плати за светскиот мир и безбедност. „Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат откако ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се многу мала цена што треба да се плати за Соединетите Американски Држави, светот, безбедноста и мирот. Само будалите би размислувале поинаку“, рече Трамп во објава на мрежата Truth Social. Цените на нафтата скокнаа над 100 долари за барел во неделата, прв пат откако започна војната во Украина во 2022 година, објави…

Повеќе