Author: Author 04

Овој викенд астролошките влијанија носат мешавина од напнатост и емотивна длабочина. Квадратот на Марс во Водолија со Уран во Бик може да предизвика нетрпеливост и желба за ненадејно ослободување од старите стеги. Од друга страна, ретроградниот Меркур во конјункција со Венера во Риби е идеален за појаснување на недоречени чувства и враќање на старите разговори. Овен: Се соочувате со внатрешен притисок за брзи одлуки, но ретроградниот Меркур ве советува прво да размислите што навистина сакате. Можен е мек разговор за тема од минатото. Бик: Внимавајте на инаетот. Квадратот Марс-Уран ве турка кон промени кои можеби ви се неудобни. Најдете стабилност…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој, неовластено набавил марихуана и семки од Cannabis, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист. При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки Cannabis  а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе нова одлука со која се иврши корекција на цените на нафтените деривати. Од полноќ, возачите кои користат дизел плаќаат поскапо гориво, додека цените на бензините мируваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2,00 денари по литар и изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит. Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

Повеќе

Ноќеска во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од 10 до 15 степени, додека минималните на места ќе се спуштат и до -3 степени. Во Скопје се очекува слично време – сончево со умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од скопската котлина во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Температурата во главниот град ќе се движи од -1 до…

Повеќе

Денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство е одложена за следната недела поради технички причини. Министерот за правда, Игор Филков, појасни дека членовите воопшто не навлегле во суштинска расправа, бидејќи првично мора да се утврди дневниот ред. Главната пречка за денешното одложување биле јазичните бариери и потребата од превод на материјалите. ,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Magnus Brunner. Муцунски го истакна континуираниот ангажман во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во насока на целосно усогласување со европските стандарди. „Разговаравме за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, како и за имплементацијата на Системот за влез/излез на ЕУ. Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор…

Повеќе

Во врска со здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, се огласи помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, кој е задолжен за неговото лекување. Како што истакна, јавноста ќе добие нови информации попладне, во 17 часот. Тој истакна дека сите евентуални промени ќе бидат навремено објавени.

Повеќе

Германскиот парламент во петокот одобри нови, построги правила на ЕУ за третман на барателите на азил и бегалците. „Европската политика за азил е нефункционална со години, новите правила се голем чекор напред“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт во дебатата пред гласањето во Бундестагот. Реформата беше поздравена и од помладиот партнер на Фридрих Мерц во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Пратеникот на социјалдемократите Себастијан Фидлер рече дека оние кои заслужуваат заштита во ЕУ ќе продолжат да ја добиваат. Опозиционите партии Алтернатива за Германија, Зелените и Левицата гласаа против хармонизирањето на правилата на ЕУ со германскиот закон, при…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето. Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да…

Повеќе