Author: Author 04

Поштенски автобус се запалил во Керцерс, во швајцарскиот кантон Фрибург, во вторник вечерта. Полицијата потврди шест смртни случаи и пет повредени. Првичните истраги покажуваат дека пожарот е намерно подметнат. Според очевидци на местото на настанот, едно лице се качило во автобусот, се полило со бензин и се самозапалило, што довело до трагедијата- Видеата и фотографиите испратени од читателите на весникот „Блик“ покажуваат дека поштенскиот автобус е зафатен од пламен. Според еден читател, на местото на настанот е испратен и хеликоптер за спасување. Кантоналната полиција на Фрибург потврди дека има неколку мртви и повредени. Точниот број на мртви првично не беше…

Повеќе

ОВЕН: Време е за големи планови и нова надеж Денес е денот кога конечно ќе почувствувате како тежината од изминатиот период се крева. Иако можеби бевте нетрпеливи поради стагнацијата, Месечината во Стрелец ви ги отвора хоризонтите. Не се фокусирајте на моменталните пречки – тие се само привремени станици. Ова е идеален момент за планирање на следниот голем чекор, без разлика дали станува збор за едукација, патување или нов проект кој ве инспирира. Дозволете си оптимизам, бидејќи само така енергијата ќе продолжи да тече во ваша корист. БИК: Погледнете ги стравовите од друга перспектива Денес фокусот паѓа на вашите најдлабоки емоции,…

Повеќе

Утре во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски по повод годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка, ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол (Империјал Тобако) во Скопје.

Повеќе

Осум возачи биле приведени за безобѕирно управување возило, двајца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи, од кои пет на подрачјето на СВР – Битола, еден на подрачје на СВР – Струмица и двајца на подрачје на СВР – Охрид. Тројца од лишените на подрачје на СВР – Битола управувале возило без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол, додека еден управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Возачот на подрачјето на СВР – Струмица, исто така, управувал…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испиша историја како прв македонски претседател кој го посетил меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. На комеморацијата за 7.144 македонски Евреи депортирани во 1943 година, таа испрати моќна порака против историскиот ревизионизам. „Не може да разубавите зло. Нивните домови се кај нас, нивните куќи стојат, а во Скопје чуваме три урни со пепел од Треблинка. Овде сме за да ветиме дека вистината нема да се фалсификува“, порача претседателката пред спомен-обележјето. Таа јасно го посочи виновникот за депортацијата, нагласувајќи дека тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт, а не народот, насилно ги собрала Евреите од окупирана Македонија и ги испратила во…

Повеќе

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис. „Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да…

Повеќе

Екипите на јавните служби попладнево ги товараат преостанатите метални делови од семафорот кој беше срушен на булеварот „Александар Македонски“. Иако патот полека се ослободува, сообраќајот сè уште се одвива исклучително отежнато, а редиците возила се протегаат со километри пред влезот на главниот град. Како што претходно објавивме, МВР потврди дека инцидентот се случил околу 13:00 часот кога камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафорската конструкција. Во несреќата е повреден еден пешак, кој веднаш е пренесен во болница. Полицијата апелира до возачите за трпение додека целосно не се исчисти коловозот.

Повеќе

Попладнево во неонатолошкиот оддел на Општата болница во Чачак избувна пожар, а според неофицијални информации, се случил во просторијата каде што биле чувани бебињата. Персоналот и пожарникарите брзо реагирале, а на местото на настанот пристигнале две противпожарни возила со неколку пожарникари и спасувачи, кои успеале да го локализираат пожарот, јавува дописник на Танјуг. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени, а точната причина за пожарот ќе се знае по истрагата на надлежните служби.

Повеќе

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе едногласна одлука за поведување постапки против дури 234 општински советници ширум државата. Причината е сериозно прекршување на Законот за спречување корупција – овие функционери не поднеле изјави за имотна состојба и интереси во законскиот рок. Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, појасни дека дури една петтина од вкупниот број советници во земјава ја игнорирале оваа обврска. Секторот за контроли утврдил дека прекршители има во дури 61 општина. Оние кои нема да ја платат казната во рок од осум дена, ќе се соочат со прекршочни постапки пред надлежните комисии.

Повеќе

МВР излезе со детали за сообраќајката на влезот во Скопје.Околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, а притоа е повреден еден пешак, соопштија од МВР. Увидот е во тек.

Повеќе