- Три лица претепале 83-годишен скопјанец
- Тројца загинати во руски напади врз Краматорск
- Мајка ќе одговара за „одземање на дете“
- Зеленски до Лукашенко: Имате една недела да ја отстраните руската опрема
- Тетовска драма: Се испотепале две млади момчиња
- Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота
- Тешко повреден 80-годишен велосипедист
- Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
Author: Author 04
Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савевски, е изборот на Владата за нов државен јавен обвинител, дознава ТВ 24. Савевски доаѓа на оваа најодговорна функција во правосудството со богат багаж во борбата против високиот криминал. Савевски е поранешен јавен обвинител кој подоцна стана судија, а во Кривичниот суд беше задолжен за најкомплексните случаи од областа на организираниот криминал и корупцијата. Со овој потег, Владата се одлучува за искусен професионалец кој поминал низ сите скалила на правниот систем.
Евакуациската мисија на МНР продолжува и утре со лет од Саудиска Арабија. Вкупно 153 патници од Ријад, Бахреин, Катар и Кувајт веќе се пријавени за летот кој ќе полета од меѓународниот аеродром „King Khaled“. Поради технички причини (немање договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија), авионот ќе слета на аеродромот во Приштина, од каде МНР организира превоз до Скопје. Околу 200 македонски државјани решиле засега да останат во ОАЕ, иако претходно се пријавиле за евакуација. Владата на Македонија целосно ги презеде трошоците за оваа комплексна логистичка операција. Министерството останува во постојан контакт со сите граѓани во регионот и е подготвено…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора. Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат. Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот…
Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови. Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд. Царинската управа ги поддржува ваквите иницијативи кои претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите,…
Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација. Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со гигабитни оптички брзини и со ексклузивни попусти во Magenta Moments. „Ова не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави импресивни податоци за реализацијата на капиталните проекти во првиот квартал од годината. За време на увидот во изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, тој истакна дека државата веќе реализирала околу 10 милијарди денари за капитални инвестиции. „Ова претставува околу 25 проценти од вкупниот број предвидени инвестиции за 2026 година, реализирани во првите два месеци и неколку дена од март. Со засилување на градежната динамика на пролет, очекуваме дополнителен раст на БДП и граѓаните конечно да ги почувствуваат ефектите од стабилизацијата на државата“, изјави Мицкоски.
Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Големиот христијански празник Велигден, кој вообичаено се одбележува во период на најубавите пролетни денови, може да се искористи и за инспиративна туристичка тура. Турција е интересна дестинација за такво патување, а причините не треба да се бараат само во живописните зелени пејзажи, туку и во богатото културно и историско наследство кое датира од раното христијанство, што длабоко се вкоренило во некои нејзини региони, на пример во градот Изник во Бурса, во Кападокија, но и во други места. Наведен на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, Изник беше посетен од папата Лав XIV на неговото прво патување во странство минатиот…
Вчера во 12:02 часот на магистралниот пат Дебар-Струга, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Дебар го лишија од слобода Н.А.(39) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека го управувал со изречена мерка „Забрана за управување со товарно возило“. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, среда (11 март): Општина Карпош Општина Ѓорче Петров Населба Лисиче (Општина Аеродром) Населба Драчево (Општина Кисела Вода) Прекините се заради планирани технички интервенции во мрежата.
