Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда.На средбата беше констатирано дека…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да  ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П.(19) од Скопје пријави дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар, додека се превезувал во автобус, две машки и едно женско лице најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од скопско пријави дека на 19.02.2026 во семејниот дом, нивен роднина ја допирал и бакнувал нејзината деветгодишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.  

Повеќе

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорот на АХВ, Оливер Миланов, денеска одржаа итна средба со одгледувачите на овци поради појавата на болеста сипаници во кумановскиот регион. Надлежните апелираат на максимална будност и строго почитување на протоколите за да се спречи создавање на нови жаришта низ државата. Во моментов се спроведуваат засилени контроли во радиус од 10 километри околу жариштата во општина Липково. Сточарите се должни секоја промена или зголемена смртност кај стадата веднаш да ја пријават кај ветеринарните друштва, а движењето на животните е дозволено исклучиво со валиден ветеринарно-здравствен сертификат.

Повеќе

Вчера во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое e сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. -Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот, информираат од СВР Тетово. По наредба…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се врши корекција на цените на нафтените деривати. Од полноќ, возачите кои користат дизел ќе плаќаат поскапо гориво, додека цените на бензините мируваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар и ќе изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит. Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

Повеќе

Дрон се урна на околу 100 метри од селото Цилија Века, спроти украинска територија Романија ги крена борбените авиони за да ја следи ситуацијата за време на нападот Украинската воздушна одбрана собори дрон рано утрово во близина на романската граница за време на рускиот напад врз пристанишната инфраструктура на Дунав, објави романското Министерство за одбрана. Според министерството, леталото било соборено на околу 100 метри од селото Цилија Века, спроти украинска територија, објави Ројтерс. Романија ги крена борбените авиони за да го следи нападот. Земјата, која е членка и на Европската Унија и на НАТО, дели копнена граница од 650 километри…

Повеќе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Казахстан ги сподели најновите информации за здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој се наоѓа на интензивна нега. Вучиќ призна дека е многу загрижен и најави дека веднаш по слетувањето во Белград ќе се упати во болница. „Нема промена во неговата состојба, што е добро, но очекувавме побрзи промени. Се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме во овој момент“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е во постојан контакт со министерот за здравство. Тој истакна дека ситуацијата е сериозна и дека се надева оти министерот набрзо ќе се…

Повеќе