Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ш. (30) од Трубарево, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, тој агресивно се однесувал и упатувал закани со остар предмет кон двајца негови поранешни работодавци, а со истиот предмет оштетил гума на патничко возило.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

