Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери температурите, ова е состојбата

    04.11.2026 во 10:19

    Акција на македонската полиција: Претрес на младо момче заврши со приведување

    04.11.2026 во 10:14

    Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија

    04.11.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • Акција на македонската полиција: Претрес на младо момче заврши со приведување
    • Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија
    • Трамп по изборните резултати: Ќе ставам вето на сите предлог-закони кои не се прифатливи
    • Инцидент на летот за Москва: Авионот со Вулин вратен во Белград поради безбедносни проверки
    • ФОТО: Гаши како жител на Гази Баба на средба со Стефковски – Во фокусот развојот на општината
    • Проверувајте ги сметките: Наскоро почнува исплатата на повратот од „МојДДВ“
    • Реките се закануваат со излевање, се стравува од поплави – Романија на удар од невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери температурите, ова е состојбата

    Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери температурите, ова е состојбата

    04.11.2026 во 10:192 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Студено утро на повисоките места, а значително потопло во јужните делови од земјава. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 10 часот најниска температура од 2 степени е измерена на Попова Шапка.

    Во Лазарополе и Крушево се регистрирани 3 степени, додека во Скопје температурата достигнала 11 степени.

    Најтопло во овој период од денот било во Гевгелија, каде се измерени 14 степени. Во Струмица, пак, температурата изнесувала 13 степени.

    Разликата во температурите покажува дека утрово во земјава има значителни температурни разлики, со постудени услови во повисоките предели и поблаго време во југоисточниот дел од државата.

    Времето денеска ќе биде со променлива облачност и повремени сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува, особено во делови од Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени.

    УХМР

    Во главниот град се очекува претежно облачно време, проследено со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 11 степени.

    Од УХМР информираат дека во наредниот период Македонија ја очекува стабилно и суво време, со повремена облачност. Во следните неколку утра, вклучително и во петок и сабота, на одредени места можна е појава на магла. Од петок се очекува постепено разведрување, а викендот ќе донесе значително постудени утра, при што во некои делови од земјата температурите ќе се спуштат и под нулата.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Акција на македонската полиција: Претрес на младо момче заврши со приведување

    04.11.2026 во 10:14

    ФОТО: Гаши како жител на Гази Баба на средба со Стефковски – Во фокусот развојот на општината

    04.11.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.