Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија

    04.11.2026 во 10:07

    Трамп по изборните резултати: Ќе ставам вето на сите предлог-закони кои не се прифатливи

    04.11.2026 во 10:06

    Инцидент на летот за Москва: Авионот со Вулин вратен во Белград поради безбедносни проверки

    04.11.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија
    • Трамп по изборните резултати: Ќе ставам вето на сите предлог-закони кои не се прифатливи
    • Инцидент на летот за Москва: Авионот со Вулин вратен во Белград поради безбедносни проверки
    • ФОТО: Гаши како жител на Гази Баба на средба со Стефковски – Во фокусот развојот на општината
    • Проверувајте ги сметките: Наскоро почнува исплатата на повратот од „МојДДВ“
    • Реките се закануваат со излевање, се стравува од поплави – Романија на удар од невреме
    • Европа ја очекува тридневен бран протести – седум земји излегуваат на улица
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ја напаѓаат Алта банка за да ја преземат блиски бизнисмени поевтино
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија

    Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија

    04.11.2026 во 10:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, објави видеообраќање во кое изнесе тврдења дека организирани криминални групи спроведуваат изнуди и упатуваат смртни закани до сопственици на компании во повеќе српски градови.

    Според Вучиќ, зад заканите стојат криминални структури, меѓу кои и група од Врачар поврзана со организации од Црна Гора, чии членови лажно се претставуваат како дел од Студентската листа по изборите од 25 октомври.

    „Теророт буквално владее во Србија. Во тек е една од најодвратните акции што некогаш се случиле во Србија од 1945 година“, изјави Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм.

    Тој прочита и порака од преписка за која тврди дека била упатена до анонимен бизнисмен, со цел изнуда на парични средства.

    „Ќе подготвиш милион евра или ќе бидеш заклан“, прочита тој од наводната порака.

    Според неговите информации, вакви упади и изнуди се евидентирани во Ниш, Аранѓеловац, Белград, Нови Сад и Суботица, каде што се врши притисок врз сопственици на приватни фирми и угостителски објекти.

    Вучиќ ја критикуваше реакцијата на сообраќајните и безбедносните органи, истакнувајќи дека полициските ресурси се трошат на споредни активности наместо на заштита на граѓаните и бизнисот.

    „Ја трошиме целата полиција на чување на контејнерите за наводно уништување документи, а досега не пронашле ниту еден искинат документ, но затоа криминалците се маскираат и ја уништуваат Србија“, нагласи тој, барајќи полицијата приоритетно да ги открие сторителите на овие кривични дела.

    Прочитај повеќе

    Инцидент на летот за Москва: Авионот со Вулин вратен во Белград поради безбедносни проверки

    04.11.2026 во 10:03

    Казните се големи, информирајте се пред да тргнете на пат: Зимските гуми не се доволни, ова се новите правила

    04.11.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.