Марихуана била пронајдена при полициски претрес во дом во Прилеп, по што е приведен 27-годишен прилепчанец.
Од ОВР Прилеп информираат дека претресот бил извршен на 3 ноември во домот и помошните простории на лицето со иницијали А.С., при што била пронајдена и одземена марихуана.
По документирањето на случајот, против 27-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

