- Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци
- Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич
- Џеј Ди Венс отворено призна: Војната со Иран е главната причина за изборниот пораз на републиканците
- Данска на нозе: Илјадници студенти протестираат против кратењето на државната помош за сметка на војската
- Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот
- Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
- Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
- Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?
Author: Author 04
Познатата манекенка Волиз Фуентес Акино е пронајдена мртва неколку дена откако нејзиното семејство го изгубило контактот со неа. Истрагата за нејзината ненадејна смрт е сè уште во тек. Поранешна учесничка на Мис Универзум е пронајдена мртва на 24-годишна возраст, објавува Дејли Меил. Младата манекенка и студентка е пронајдена мртва во нејзиниот стан во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, а околностите на нејзината смрт се уште се нејасни. Според достапните информации, Волиз е пронајдена од членови на семејството на 20 јули откако не била видена неколку дена. Полицијата и обвинителството започнаа истрага, а причината за смртта сè уште не е позната.…
Шри Ланка се соочува со најлошата епидемија на денга треска во последните десет години, поради што властите ангажираа армиски екипи со беспилотни летала за лоцирање на места со застоена вода. Вирусот одзеде 56 животи во оваа јужноазиска земја од почетокот на годината, а регистрирани се повеќе од 77.000 заразени, од кои над една четвртина се пријавени само во јули. Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на денга треска на глобално ниво драстично пораснал од 500.000 во 2000 година на 14,4 милиони во 2024 година, а комарците се шират и во Европа и Медитеранот. Главниот причина за наглиот скок…
Драма во Франција: Голем шумски пожар го зафати департманот Жиронд, евакуирани се речиси 12.000 луѓе
Шумскиот пожар што вчера го зафати подрачјето во близина на сливот Аркашон во францускиот департман Жиронд се прошири на околу 2.000 хектари. Како мерка на претпазливост, локалните власти досега евакуираа речиси 12.000 луѓе од загрозените подрачја, објави префектурата. Утрово властите наредија итна евакуација на уште околу 7.000 лица од оваа област. Новата наредба се однесува на шест кампови и една станбена зона лоцирана северно од Кап Фере, која важи за исклучително популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона, пренесува „Фигаро“. Оваа одлука следува откако префектурата синоќа соопшти дека најмалку 4.600 луѓе веќе биле безбедно евакуирани од нивните домови и…
Безбедноста на Ормутскиот теснец, кој е од клучно значење за глобалната трговија со нафта, директно зависи од присуството на американските сили во тој регион. Ова го изјави претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамад Багер Галибаф, упатувајќи директни закани додека траат тензиите со Вашингтон. Иран порача дека доколку не му биде овозможено да ја извезува сопствената нафта поради конфликтот со САД, ќе го спречи извозот и за сите останати земји од регионот. Заземајќи цврст став околу кризата во Ормутскиот теснец, Галибаф се огласи на социјалната мрежа „Х“: „Оваа војна не остава средина, сè е или ништо. Во овој регион,…
Здравствените власти широм светот забрзано работат на пронаоѓање медицински решенија за сузбивање на епидемијата на ебола на истокот од Демократска Република Конго. Заразата е предизвикана од сојот на вирусот „Бундибуџо“, за кој, за разлика од почестиот сој „Заир“, во моментов не постојат одобрени вакцини ниту конкретни медицински третмани. Според официјалните податоци на владата во Киншаса, во најновата епидемија во страната досега се регистрирани 2.473 потврдени случаи на зараза. Вирусот досега однесе вкупно 999 животи, со што бројката на починати се приближува до црната граница од 1.000 жртви. Здравствените експерти предупредуваат дека стапката на смртност од вирусот Бундибуџо (BDBV) е исклучително…
Враќањето на навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Тигре од натпреварот во рамките на Копа Судамерикана во Уругвај беше означено со сериозен оружен инцидент. Автобуската колона со која патувале навивачите била цел на оружен напад во кој е ранет 57-годишен маж, а инцидентот се случил набрзо по нивното заминување од стадионот во Монтевидео. Иако првичните информации говореа за две повредени лица, клубот и аргентинските медиуми потврдија дека е рането едно лице, кое е погодено во раката и шаката, но се наоѓа надвор од животна опасност. Нападот уследил по убедливата победа на Тигре против уругвајскиот клуб Насионал со резултат 3:0 во рамките…
Денешниот ден носи позитивни промени во комуникацијата, подобрување на односите и можност за решавање на одложените прашања кај повеќето зодијачки знаци. Овен Ќе почувствувате олеснување во разговорите со блиските и полесно ќе најдете решение за прашање што ве оптоварувало. Во љубовта, искреноста ќе донесе поголема блискост, додека на работа конечно ќе продолжите со план што бил во застој. Бик Денот носи јасност во комуникацијата и можност полесно да ги изразите своите идеи, а можно е да добиете и важна информација. Во љубовта, отворениот разговор ќе ја подобри атмосферата, а работата напредува преку добри договори. Близнаци Фокусот е насочен кон финансиските…
Соединетите Американски Држави ќе уништуваат по еден мост или електрана секогаш кога Иран ќе пука врз брод во Ормускиот теснец, најави американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата закана за напади врз цивилна инфраструктура доаѓа во период на ескалација на војната, што создава ризик од дополнителни глобални економски нарушувања и раст на цените на горивата пред претстојните меѓуизбори во САД. Двете страни цврсто остануваат на своите позиции во спорот околу стратешкиот морски пат за глобалната енергија, кој останува главно затворен поради иранските напади, јавува Асошиетет прес. САД извршија нов бран воздушни напади врз Иран во текот на ноќта кон средата, при што…
Корисници од целиот свет пријавуваат сериозни проблеми со поврзувањето и паѓање на некои од најпопуларните социјални мрежи, но и на големи телекомуникациски оператори. Според податоците од платформата „Даундиректор“ (Downdetector), која ги следи прекините во реално време, забележан е нагол скок на пријави за дефекти кај повеќе технолошки гиганти. Корисниците се соочуваат со неможност да ги освежат почетните страници или воопшто да пристапат до апликациите Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Графиците на „Даундиректор“ покажуваат остар, вертикален скок на пријавите и кај апликациите за комуникација и кај главните платформи. Прекинот не е ограничен само на социјалните мрежи, туку нагло се зголемува и бројот…
Денеска се одржа координативен состанок меѓу скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа сумирани штетите од силното невреме што го зафати главниот град. На состанокот беше констатирано дека орканскиот ветер со удари до 130 километри на час предизвика паднати дрвја, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови и приватен имот. Скопските општини веќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат директно да ги пријават претрпените штети од невремето. Во координација со Град Скопје ќе се врши стручна процена, по што ќе започне постапка за поддршка при санацијата на оштетените објекти за домување. Истовремено, градежните и инспекторите за…
