- Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
- Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
- По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
- Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
- Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
- Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
- Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
- 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја
Author: Author 04
Во моментов девет лица – македонски државјанин – официјално побарало асистенција за евакуација од Израел, соопшти МНР. „Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено“, стои во соопштението од МНР. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби,…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи. Oд нив, шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје. Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа еден во Гевгелија, еден во Скопје, а двајца во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични…
Вчера во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утрово во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава.
Уставниот суд на Република Северна Македонија започнува со најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Почнувајќи од 4 март, јавноста за првпат ќе може во живо да ги следи седниците преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Јутјуб и Фејсбук. Од Судот посочуваат дека со овој потег се отвора ново поглавје во односот со граѓаните, кои ќе можат во реално време да ги видат расправите и аргументите при носењето на клучните одлуки за државата. „Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите. Секој граѓанин ќе може да види како се…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до опозициската СДС, обвинувајќи ги дека биле сојузници во криминалот на Артан Груби. Според него, паниката во СДС е евидентна бидејќи се плашат од она што Груби би можел да го открие пред истражните органи. Петрушевски истакна дека пратениците од СДС избегнуваат дури и да постават прашања поврзани со Груби во Собранието. ,,Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Артан Груби. Во СДС се свесни што се може да каже Груби, па затоа и…
Иранската војска започна масовни напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Како што пренесува иранската агенција „Фарс“, овој напад е директна одмазда за заедничките воени операции на САД и Израел на иранска територија. На мета се најдоа клучните бази Ал Удеид во Катар, Ал Салем во Кувајт, Ал Дафра во ОАЕ, како и американската поморска флота во Бахреин. Од Катар потврдија дека ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле соборени од катарската ПВО. Слична е ситуацијата и во Кувајт, каде се огласија сирените и беа пресретнати ракети во близина на седиштето на…
Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, окупација на Развојната банка заради бизнис интереси. Според партијата, назначувањето на Ефимија Димовска за прв човек на банката е директно поврзано со деловните релации на Мицкоски во енергетскиот сектор. Фрчкоски истакна дека сопругот на Димовска, Димитар Димовски, е долгогодишен партнер на Мицкоски во хидроцентралите преку компанијата „Енерготек“. ,,Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.…
Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ретките болести истакна дека сменета е процедурата како да се стигне до тие лекови за пациентите со ретка болест. – За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или за жал чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза, кажа Алиу. Тој појасни дека вториот момент, земајќи го во…
Интернет услугите во Иран се речиси целосно во прекин по почетокот на американските и израелските воени операции, потврди денеска групата за следење на интернет „НетБлокс“. Според извештаите, падот на мрежата е во согласност со претходните безбедносни мерки што земјата ги применуваше за време на конфликтите. „Потврдено: Податоците од мрежата покажуваат дека интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати. Инцидентот се случува во време на американските и израелските воени операции и е во согласност со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“, соопшти групата, а пренесе „Ен-Би-Си Њуз“. Дополнително, локалните агенции известуваат дека во делови од…
