Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ги зголемивме пензиите на пензионерите линеарно за 7.000 денари

    Мицкоски: Ги зголемивме пензиите на пензионерите линеарно за 7.000 денари

    02.07.2026 во 16:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на пензиите, изјави:

    „Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе направиме сѐ што можеме, да во нашиот мандат обезбедиме на почеток линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување. Знаете дека лица блиски до владеачката СДСМ и до опозицијата, поднесуваа пријави до Уставниот суд за да ја предизвикаат уставноста на ова решение. Па знаете со некои килави аргументи излегуваа во јавноста, некои политичари коишто се сега дел од раководството на опозицијата. 

    Но, она коешто за нас е важно, е дека голема група на наши граѓани, пензионери со ова, би рекол, можеби незначително зголемување линеарно од 7.000 денари во едно семејство во коешто имаме двајца пензионери, тоа се 14.000 денари плус. Колку-толку успеавме подостоинствен да го направиме животот, споредено со тоа како беше претходно.

    Така што ќе продолжиме и понатаму да работиме во интересот на граѓаните. Знаете порано пензиите  се зголемуваат со по 10, 15, 20 денара, сега со овие 7.000 денари по пензионер, мислам дека, ете повторно ќе кажам, колку-толку успеавме, малку да ги санираме оние предизвици со кои тие се соочуваат. Така што, тоа е тоа што можам да кажам поврзано со пензиите.“

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.