Author: Author 04

Вчера во 17:30 часот во ОВР Кавадарци, Л.Е.(68) од село Ваташа, кавадаречко, пријави дека во двор од викенд куќа во селото била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за рачна бомба која потекнувала од Првата светска војна.

Повеќе

Ирачкото Министерство за енергетика вечерва соопшти дека целата национална електрична мрежа доживеала тотален колапс. Без струја останаа сите ирачки провинции, а властите сè уште не можат да ја утврдат прецизната причина за овој „blackout“. Овој енергетски колапс доаѓа во критичен момент додека Ирак е на удар на серија напади како дел од војната меѓу Израел, САД и Иран. Веднаш по прекинот на струјата, амбасадата на САД во Багдад издаде итно соопштение до своите државјани: „Напуштете го Ирак веднаш!“. Се стравува дека прекинот е последица на саботажа на клучните далноводи или прекин на снабдувањето со гас од Иран.

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во телевизиско интервју порача дека клучната цел на неговата политика во наредниот мандат ќе биде заштита на Унгарија од воениот конфликт. Орбан нагласи дека „останувањето надвор“ е неговиот главен мотив за повторна кандидатура за премиерската функција. „Можеме ли да останеме надвор од војната, без испраќање воена и финансиска помош? Тоа се клучните прашања за следните четири години“, изјави Орбан за телевизијата АТВ. Тој додаде дека не гледа друг политички лидер кој има поголеми шанси од него да ја задржи Унгарија настрана од судирите, потенцирајќи дека земјата е под постојан притисок од ЕУ и Украина да се…

Повеќе

Поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (5-ти март) неколку скопски локации ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од РЦУК Скопје, без струја ќе останат:

Повеќе

Јавноста е згрозена од новите детали за киднапирањето на нашиот поп-пејач Даниел Кајмакоски кое се случило минатиот месец во Белград. Неговиот адвокат и пријател, Бранислав Станишиќ, откри дека киднаперите брутално го врзале Даниел со селотејп и под закана со пиштол и нож го натерале да влезе во возило кое се упатило кон Рума. Драмата кулминирала кај „Бетон Хала“ кога полицијата се обидела да го сопре возилото за рутинска контрола, по што започнала филмска брканица. Поради густа магла, киднаперите излетале од патот, го оставиле претепаниот и врзан пејач во уништениот автомобил и побегнале. Полицијата го пронашла Кајмакоски на задното седиште, а…

Повеќе

Русија денеска ги вклучи сирените за тревога низ сите 11 временски зони, од Балтикот до Пацификот, во рамките на масовниот национален тест на системот за итни случаи. Како што пренесува „Дејли меил“, телевизиските и радио програмите беа прекинати со порака: „Внимание на сите! Ве молиме останете мирни и слушајте ги инструкциите“. Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека целта е навремено пренесување на сигнали во случај на закана, но тајмингот на овој тест предизвика паника кај јавноста. Тестирањето се случува во екот на најголемите тензии меѓу Москва и Западот, додека руските државни медиуми сè почесто отворено зборуваат за неизбежност…

Повеќе

Вчера во 23:55 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, при контрола на Н.И.(22) од с.Студеничани,скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола. По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од с.Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

Повеќе

Министерството за вонредни ситуации и на Министерството за надворешни работи ќе ги евакуираат руските туристи од земјите од Блискиот Исток по наредба на Владимир Путин. „Веќе им дадов соодветни инструкции на Министерството за вонредни ситуации, Министерството за надворешни работи и другите надлежни тела“, рече Путин за време на состанокот со членовите на владата. Русија евакуира илјадници свои граѓани од земјите на Блискиот Исток со специјализирани авиони за итни случаи и десетици чартер летови поради конфликтот во Иран.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара“. На средбата се разговараше за улогата на фондацијата во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и за можностите за продлабочување на македонско-турските односи. Претседателката ја истакна улогата на Република Турција како наш сојузник и поддржувач, од независноста до денес, но и улогата на турската заедница како мост на соработка меѓу двете држави. Посебно внимание беше посветено на Евроазискиот економски самит, чие 29 издание ќе се одржи во мај во Истанбул, во организација на фондацијата. Претседателката оцени дека станува збор за важна платформа што обединува државници, политичари,…

Повеќе

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Исплатите се однесуваат на – Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; Мерка 112 „Млади земјоделци“ – 17.815.422 денари за 48 корисници; Мерка 121.7 „Комбајни за ориз“ – 28.779.597 денари за 48 корисници, стои во соопштението. Од Министерството додаваат дека исто така исплатени се и 96.661.300 денари за 34 корисници, по Програмата за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите,…

Повеќе