Author: Author 04

Виктор Стојанов е бугарскиот државјанин, контроверзен претседател на бугарската фондација Македонија за кого ЈО поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394-г ст.1 од Кривичниот законик на РСМакедонија. Стојанов и е добро познат на македонската јавност поради низата антимакедонски објави и провокации со кои го негира постоењето на македонска нација, кампањите за нудење 300 евра за промена на презимето во ов/ев, донирање на бугарски знамиња, сателитска телевизија со бугарски канали и ширење пропаганда и поттикнување тензии преку бугарско медиумско-пропагандната мрежа на портали и поткасти…

Повеќе

Времето утре претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Повеќе

Министерството за здравство подготвува големи промени во начинот на кој ќе се следат и пријавуваат заразните болести во земјава. На ЕНЕР веќе се објавени измените на Законот за заштита на населението, со кои се предвидува воведување на целосно нов електронски систем за задолжително пријавување на болестите. Клучната новина е системот АЛЕРТ 2.0, кој ќе овозможи брзо известување и предупредување врз основа на симптомите на пациентите. Министерот Азир Алиу појасни дека со ова се воведуваат и паметни апликации, но и максимална заштита на личните податоци на граѓаните, со што ќе се елиминира ризикот од нивна злоупотреба. „Предвидуваме дигитализација која овозможува користење…

Повеќе

Секретарот за одбрана на САД, Пит Хегсет, вечерва ја соопшти веста која го шокираше светот: американска подморница потопи ирански воен брод во меѓународни води. Ова е првпат по Втората светска војна американските сили да употребат торпедо за потопување на непријателски брод. „Иранскиот воен брод мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше торпедиран“, изјави Хегсет на вонредна прес-конференција во Пентагон. Особено симболично е името на потонатиот брод – „Сулејмани“, именуван по генералот Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран од САД за време на првиот мандат на Доналд Трамп. Овој напад означува најсериозна ескалација на воените дејствија меѓу Вашингтон и…

Повеќе

Вчера во 11:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат В.С.(72) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт, инфомрираа од полицијата во дневнот билтен.  Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Повеќе

Поради технички зафати во електросистемот, утре (среда, 4-ти март) без електрична енергија ќе останат неколку делови од Скопје и околните села. Еве каде се планирани прекините:

Повеќе

Одмаздата на Иран за нападите меѓу САД и Израел за време на викендот не покажува знаци на смирување, а новата мапа објавена од медиумите покажува кои земји се во дострел на нивните ракети. Иран продолжува да бомбардира соседни земји, а нападите се интензивираа по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Досега, Иран ги нападна Бахреин, Кувајт, Израел и Обединетите Арапски Емирати. Се верува дека целите на нападите биле американските воени бази во тие земји. Нападната е и британска база на Кипар, а војската оттогаш потврди дека во нападите загинале шест војници, што предизвика стравувања од понатамошно влошување на ситуацијата на Блискиот…

Повеќе

Иран наводно лансирал голем број балистички ракети кон израелски и американски цели на Блискиот Исток утрово, објави IranMilitary.info, ирански интернет портал кој се претставува како полуофицијален медиум фокусиран на иранските воени прашања. Заедно со веста, беше објавено и видео од наводните лансирања, на кое се гледа голем број ракети како полетуваат од земја. „Масовно лансирање на напредни ракети од страна на Воздухопловните сили на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) денес во зори кон клучни американско-ционистички цели, како дел од тековната операција „Вистинско ветување 4“, се наведува во видеото. Telegraf.rs не можеше да ја потврди автентичноста на овие видеа, ниту…

Повеќе

Израелските сили го нападнаа местото на состанокот на Врховниот совет на лидерство на Иран во вторник, додека групата се состана за да избере наследник на убиениот ајатолах Али Хамнеи, изјави висок израелски функционер за Фокс њуз. Треј Јингст од Фокс њуз во живо извести во вторник наутро дека потегот „ја покажува сликата на израелската разузнавачка служба за оваа војна“. „Тие го таргетираа состанокот во Техеран каде што се собираше она што остана од раководството за да избере нов врховен лидер“, рече Јингст. Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја погодија зградата каде што се состана Техеранското собрание на експерти, составено од 88…

Повеќе

Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.Претседателот Гаши, посакувајќи му добредојде во законодавниот дом, го запозна гостинот со актуелната состојба во земјава, во светло на актуелните геополитички тензии на Блискиот Исток и војната во Украина. Ја предочи посветената политика на РС Македонија како кредибилен сојузник кој како и досега ефективно ќе…

Повеќе