Author: Author 04

Вчера во 15:33 часот, во ОВР Пробиштип била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало“. Возачот Р.З.(50) од село Неокази, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А. (59) од село Злетово. Од здобиените повреди, жената починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судската медицина за обдукција, а увид извршила екипа на ОВР Пробиштип.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција соопшти детали за трагедијата на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде по пад од балкон животот го загубија жена и малолетно дете.Трагедијата имала драматична претходница истиот ден. Во 12:05 часот полицијата интервенирала по пријава за расправија меѓу сопружниците. „Беше извршен разговор со сопругата, која изјави дека немало физички контакт, дека станува збор за недоразбирање и дека не бара постапка ниту интервенција. Таа наведе дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпиша службена белешка“, истакна Тошковски. По оваа интервенција, жената заминала во станот каде подоцна се случи фаталниот пад. Од местото на…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција соопшти детали за трагедијата на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде по пад од балкон животот го загубија жена и малолетно дете. Пријавата била примена од случаен минувач, по што полицијата и Итната помош само констатирале смрт. Министерот откри дека сопругот на починатата, Стојанче Јовановски, е веќе уапсен. Тој и е добро познат на полицијата – во последните две години против него биле поднесени дури десет кривични пријави за насилен криминал, дрога и имотни деликти. И покрај тоа што претходно бил фатен со наркотици, судот му одредил само мерки на претпазливост.

Повеќе

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Повеќе

Министерството за надворешни работи (МНР) ја започна операцијата за извлекување на македонските државјани од воените жаришта на Блискиот Исток. За таа цел ќе биде ангажиран владиниот авион, кој ќе ги преземе граѓаните од безбедна локација до која тие ќе бидат транспортирани по копнен пат. „Веќе договараме евакуација. Се разгледуваат безбедни алтернативни правци, а првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНР за „Макфакс“. Иако владиниот авион има капацитет за само седум патници, властите преговараат и за комерцијални летови за да се опфатат сите заинтересирани. Досега итна евакуација побарале 19 лица од Израел, додека вкупно 473 македонски државјани…

Повеќе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати сериозни обвинувања до раководството на СДСМ, тврдејќи дека Венко Филипче и Зоран Заев му овозможиле на Александар Онишченко, човек близок до Владимир Путин, да добие македонско државјанство и да развива бизниси во земјава. Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев, вели Лефков. „СДС на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија. Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е…

Повеќе

Ние имаме власт која не сака да бидеме во ЕУ, затоа што ако сте членка на Европската Унија, нема пет тона дрога да се криумчарат во вашата држава, нема 161 тендер за семејна фирма, нема премиер да даде свој советник да стане уставен судија и нема сопруга на гласач на ВМРО-ДПМНЕ да биде избрана за член на Судскиот совет. Тоа не постои во Европската Унија. Затоа ние никогаш нема да видиме конкретен чекор на патот кон ЕУ од оваа власт, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 Телевизија. Жерновски се осврна и на…

Повеќе

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.Д.(76) од Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 23.02.2026, полициски службеници извршиле увид во домот на пријавениот, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на сила било влезено во неговиот дом. Притоа, за време на увидот било констатирано дека пријавениот пријавил лажно кривично дело.

Повеќе

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во четврток кога ќе има услови за појава на слаба магла и повремени локални врнежи од дожд.

Повеќе

Кипарските власти денеска издадоа итно предупредување до населението, барајќи од секој граѓанин да подготви „ранец за итни случаи“. Оваа превентивна мерка доаѓа по серијата напади со дронови врз британската база „Акротири“ и зголемената опасност по безбедноста на островот. „Како превентивна мерка, направете си сопствен ранец за итни случаи со основни производи, кои лесно можете да ги транспортирате до засолништето“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Кипар. Според официјалните упатства, ранецот треба да содржи: Ситуацијата дополнително се заострува откако Франција најави испраќање на воени бродови за да ја зајакне воздушната одбрана на Кипар. Во меѓувреме, аеродромот во Пафос беше привремено затворен,…

Повеќе