Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава. По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Соговорничките, исто така, разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите. За Сиљановска-Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди, соопшти УХМР.Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.…

Повеќе

Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, соопштија од Владата. „Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на домашно лекување. Досега се доставени 140 формални пријави, кои се обработуваат од епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје, и се спроведени 81 епидемиолошка анкета.…

Повеќе

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, се вели во соопштението од СДСМ. „Со други зборови, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните. Ова е директно признание за катастрофалната економска политика на ВМРО-ОКГ. Наместо да признаат дека буџетот е празен поради нивното расипништво, задолжувања и криминални тендери, тие се обидуваат да го претстават ребалансот како нешто нормално и развојно.…

Повеќе

Екстремен топлотен бран го зафати Пиринејскиот полуостров, носејќи опасни температури кои оваа недела во делови од Шпанија можат да достигнат и до 47 степени. Според метеоролошката платформа Severe Weather Europe, овој топлотен бран има потенцијал да сруши неколку историски температурни рекорди. Најкритична е ситуацијата во јужните и источните региони, пред сè во долините на реките Гвадалкивир и Ебро, како и во областите Мурсија и Кастиља-Ла Манча. Топлиот бран веќе се шири и кон југот на Франција, каде што се очекуваат температури кои ќе се приближат до 40 степени. Главната причина за ваквите состојби е силниот систем со висок воздушен притисок…

Повеќе

Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови, се неведува во соопштението од Левица.  „Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. Наместо прво да обезбедат пристап за жителите, власта на ДПМНЕ му овозможи на инвеститорот да започне со градежни работи и да го уништи единствениот постоечки влез…

Повеќе

Жена била погодена од гром утрово на островот Крк, за време на силното невреме со грмотевици што го зафати регионот на Кварнер. Повредената жена веднаш била пренесена во Риечкиот болнички центар, каде што се наоѓа на одделението за интензивна нега, потврдија од здравствената установа. Несреќата се случила околу 7:10 часот наутро, на познатата плажа во местото Башка. Според првичните информации, жената била погодена од громот во моментот додека во рацете носела чадор за сонце. Прва помош на лице место ѝ укажал спасувач од плажата, по што била организирана итна медицинска евакуација. Таа со хеликоптер на Итната медицинска служба била експресно…

Повеќе

ЈУ Национален парк „Пелистер“, со поддршка на поединци и компании, започна со изградба на нов објект за мониторинг и времен престој на посетителите на планината Баба. Новиот објект се гради во непосредна близина на црквата „Св. Спас“ над селото Маловишта, на надморска височина од 1.886 метри. Од националниот парк информираат дека деновиве и во текот на изминатиот викенд со висок интензитет се одвивале работните активности на терен. Транспортот на градежните материјали се одвивал во специфични услови поради непристапноста на планината. Првиот човек на паркот ги појасни деталите за самата градба и следните чекори на теренот: „Активностите се реализираа на исклучително…

Повеќе

Четиригодишно момче го загуби животот откако се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик. Луѓето кои се затекнале на местото на настанот сведочат за драматичните моменти за време на спасувањето: „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден од очевидците за локалните медиуми. Медицинскиот тим веднаш започнал со реанимација и ги презел сите можни мерки за да му го спаси животот на малото дете. По сите обиди за спасување, лекарите…

Повеќе

Двајца американски туристи се полесно повредени утрово во напад со нож во непосредна близина на Акрополот во Атина, објави грчката телевизија Скај. Според првичните информации напаѓачот е грчки државјанин за кого се наведува дека има сериозни психички нарушувања. Тој првично ги заплашувал минувачите со нож на јужниот влез од историскиот локалитет. Потоа било утврдено дека истото лице, без никаков повод или причина, со нож им нанело полесни повреди во пределот на рацете на американските туристи. Напаѓачот бил брзо совладан и приведен од страна на полициските службеници кои биле присутни на терен. Засега полицијата нема објавено дополнителни детали за идентитетот на…

Повеќе