- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во 12:30 часот ќе одржи обраќање до јавноста, информираа од МВР.
Од денеска, пушачите во Македонија ќе треба да плаќаат повеќе за омилените брендови цигари. Компанијата „Империјал Тобако“ донесе одлука за зголемување на цените на својот асортиман за 10 денари по кутија. Поскапувањето ги опфаќа најпродаваните брендови на пазарот: Ова покачување е резултат на редовното усогласување со државната акцизна политика. Според законските измени, акцизите за тутунските производи ќе продолжат постепено да растат секоја година до 2030 година. Конкретно, предвидено е секој 1-ви јануари акцизата да се зголемува за 0,23 денари по парче цигара.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски стравува дека новата ескалација на Блискиот Исток директно ќе влијае врз одбранбената моќ на неговата земја. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, тој посочи дека САД и сојузниците би можеле да ги пренасочат резервите на оружје за сопствени потреби. „Можеме да се соочиме со тешкотии во набавката на ракети и системи за одбрана на нашето небо. Американците и нивните сојузници може да ги задржат за свои потреби“, изјави Зеленски. Сепак, тој го поддржа нападот врз иранските цели, нагласувајќи дека Техеран е клучен снабдувач на Русија со беспилотни летала и ракети. Зеленски исто така оцени…
Цените на енергенсите на светските берзи вртоглаво растат по последната ескалација на Блискиот Исток. Нафтата од типот „Брент“ денеска забележа дополнителен раст од над 3%, достигнувајќи го едногодишниот максимум од 80 долари, откако во еден момент ги надмина и 82-та долари за барел. Главна причина за паниката е стравот од целосна блокада на Ормускиот Теснец. Иранските власти веќе упатија предупредување до танкерите дека нема да биде дозволен премин низ оваа клучна артерија, низ која поминува една петтина од светското снабдување. Уште подраматична е состојбата со природниот гас. Цените се зголемија за рекордни 52 отсто откако „КатарЕнерџи“ го прекина производството на…
Грција итно распоредува батерија од моќниот противвоздушен систем „Патриот“ на островот Карпато, лоциран во југоисточниот дел на Егејското Море. Оваа одлука доаѓа како директен одговор на влошената безбедносна состојба по нападот со дрон врз британската база „РАФ Акротири“ на Кипар. Освен ракетниот систем, Атина веќе активираше поширок пакет на воена поддршка за Кипар. Според најавите, кон островот се упатени грчки фрегати и борбени авиони од типот Ф-16. Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, веќе е на пат кон Никозија, каде со кипарските власти ќе ги координира следните чекори за заштита на воздушниот простор во источниот Медитеран. Нападот врз базата Акротири…
Здравствената состојба на српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, значително се подобрува. По неколкудневна борба со тешка пневмонија, Дачиќ вчера бил исклучен од апаратите за вештачка вентилација и сега дише самостојно. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со министерот за здравство Златибор Лончар, го посетија Дачиќ на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија за да се уверат во неговото закрепнување. Министерот Лончар потврди дека има причина за оптимизам, но нагласи дека лекувањето продолжува со полн интензитет. „Здравствената состојба на Дачиќ е подобра отколку што беше, но интензивните мерки за лекување и терапијата продолжуваат“, изјави Лончар. Дачиќ беше…
Со ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и војната во Украина, стравот од нов глобален судир повторно се актуелизира. Британскиот „Метро“ објави листа на 12 локации кои, поради својата географска изолација и политичка неутралност, нудат најголеми шанси за преживување дури и во сценарио на нуклеарна катастрофа. На врвот на листата се Нов Зеланд и Австралија. Експертите сметаат дека овие земји на јужната хемисфера би можеле да го одржат земјоделското производство дури и во услови на нуклеарна зима, кога на северот храната целосно би исчезнала. Исланд и Швајцарија остануваат синоними за безбедност во Европа. Додека Исланд е заштитен со својата оддалеченост…
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, упати остра порака до Брисел и Киев, нагласувајќи дека Унгарија останува на својот цврст став против членството на Украина во Европската Унија. Според него, се додека владата на Виктор Орбан е на власт, Будимпешта нема да даде зелено светло за овој процес. Сијарто тврди дека Брисел се обидува да изврши притисок врз унгарската влада бидејќи нејзиното вето ги охрабрува и другите земји-членки да го искажат своето незадоволство. „Ако останеме на власт, нема да се согласиме на целосно бесмислени механизми за финансиска поддршка, ниту ќе дозволиме нашите пари да бидат однесени во Украина. Веруваме дека…
Војната на Блискиот Исток ескалира со невидена жестина откако дронови ја нападнаа американската амбасада во Ријад. Саудиското Министерство за одбрана потврди дека два дрона удриле во дипломатскиот кварт, предизвикувајќи пожар и материјална штета, додека воздушната одбрана пресретнала уште четири летала. Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш најави брза одмазда. На својата платформа Truth Social, тој упати остра порака до противниците, нагласувајќи ја воената моќ на САД. „Имаме практично неограничени залихи оружје. Соединетите Држави се снабдени и подготвени да победат – големо“, напиша Трамп, појаснувајќи дека станува збор за арсенал од „средна и повисока средна класа“. Амбасадата во Ријад останува затворена, а…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Фокс Њуз“ порача дека заедничката воена операција на САД и Израел против Иран ќе биде „брза и решителна“. Тој ги отфрли стравувањата дека регионот влегува во долготраен конфликт. „Ги слушам луѓето како велат дека ќе имате бесконечна војна тука – Нема да имате бесконечна војна затоа што овој терористички режим во Иран е во својата најслаба точка од своето основање. Ова ќе биде брза и решителна акција“, изјави Нетанјаху. Според него, падот на режимот во Техеран ќе ги реши повеќето проблеми на Блискиот Исток и ќе го отвори патот за нови мировни договори…
