Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Гостивар: Здравствените власти потфрлија, бараме итна објава на сите параметри за водата

    Филипче од Гостивар: Здравствените власти потфрлија, бараме итна објава на сите параметри за водата

    21.07.2026 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    При денешната посета на Гостивар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати серија прашања на кои Владата и Министерството за здравство треба да одговорат во врска со епидемјата во Гостивар, и за кои граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Едно од прашањата се однесува на начинот на кој се менаџира епидемијата, за што Филипче посочи дека институциите потфрлија во навременото откривање и спречување на кризата.

    „Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорността за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно какво може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа од тоа што сега се случи во Гостивар. Имено, зошто не се испитувала водата секој ден?“, рече Филипче.

    Тој додаде дека јавноста има право да знае зошто здравствените власти не реагирале навреме, иако постоеле јасни сигнали дека состојбата се влошува.

    „Зошто квалитетот на водата, Центарот за јавно здравје, не го испитувал секој ден? Понатаму, зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата, не се истражило добро на што се должи тој зголемен број на пациенти во болницата, па можело уште порано да се реагира. Зошто ништо не се направило од страна на здравствените власти да се изменаџира прашањето епидемиолошки, да се анализира од каде доаѓаат симптомите, на што тие се должат“, рече  Филипче.

     Во изјавата за медиуми, Филипче укажа дека одговорноста на институциите не завршува со прогласување на епидемија, туку дека граѓаните очекуваат навремена реакција, анализа и преземање мерки за заштита на нивното здравје. Тој нагласи дека токму поради институционалните пропусти денес постојат сериозни сомнежи дека кризата можела да биде откриена и ставена под контрола многу порано, доколку здравствените власти постапеле професионално и одговорно.

     „Не може здравствените власти, Министерството за Здравство, министерот, премиерот, да молчат по овие прашања. Треба јавно да ги објават резултатите од контролата и сите параметри на водата, како било, во кој денови, тоа никако не ја загрозува истрагата, како што сакаат да се оправдаат. Нема што да ја загрози истрагата, бројките се тие, фактите се тие, органите нека си постапуваат, ама граѓаните мора да знаат. Затоа што и човеково право, е вистински, навремен пристап до јавна информација, поради тоа што граѓаните мора да знаат“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.