Close Menu
Press24
    Најново

    Експертска анализа: Технологијата за Иловица се базира на современи иконтролирани процеси

    21.07.2026 во 13:14

    Царината ќе ги запленува нерегистрираните чамци и глисери на Охридското Езеро

    21.07.2026 во 13:08

    Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи

    21.07.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Експертска анализа: Технологијата за Иловица се базира на современи иконтролирани процеси
    • Царината ќе ги запленува нерегистрираните чамци и глисери на Охридското Езеро
    • Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи
    • Страшна несреќа во Кичево: Коњ удрил мало девојче – итно пренесено во Скопје
    • Утре ќе нема струја неколку часа – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини
    • Николоски: Визер поставува 7-ми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа
    • (ФОТО) Се гради нова градинка во Гази Баба, инвестиција од 147 милиони денари
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експертска анализа: Технологијата за Иловица се базира на современи иконтролирани процеси

    Експертска анализа: Технологијата за Иловица се базира на современи иконтролирани процеси

    21.07.2026 во 13:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Современите методи за експлоатација на бакар овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително се разликуваат од рударските практики што се применувале во минатото. Ова го оценува професорот Благој Голомеов, коментирајќи ја технологијата предвидена за проектот „Иловица – Штука“.

    Според него, процесот на преработка на рудата е добро познат во светската рударска практика и се спроведува преку контролирани технолошки процедури кои овозможуваат безбедно управување со производниот процес.

    „Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример, за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90 проценти од тие реагенси се извлекуваат заедно со концентратот, а малото количество што останува за кратко време се разградува и станува целосно безопасно за пошироката околина“, изјави професорот Голомеов.

    Од друга страна, металуршкиот инженер Виктор Грозданов, во неодамнешна колумна, оцени дека јавноста е под силен наплив на дезинформации околу технолошкиот процес во проектот во Иловица. Според него, дезинформациите доаѓаат од личности кои за тоа имаат некаков надоместок.

    „Јас сум убеден дека овие личности не разбираат ниту тронка од научниот процес за добивање на метали. И кога користат зборови дека ќе се употребува цијанид, јавно кажувам дека со закон е забранета неговата употреба и тоа значи дека сите нѐ дезинформираат и шират невистини.

    Цијанид или цијанидни супстанци нема и не смеат да се користат во ниту еден новоотворен рудник во Македонија и тоа е затворено прашање за сите во индустријата и науката, освен за оние кои немаат други аргументи „против“, па упорно се држат до своите манипулации“, истакнува металургот Грозданов.

    Претходно и професорот и геолог Ѓорѓи Димов ги коментираше инвестициите во рударството, истакнувајќи дека рударството сега е многу развиено и старите практики се одамна надминати.

    Тој додаде дека Македонија и стручната фела имаат искуство и знаење, односно имаме домашни капацитети за големи проекти. Како позитивен пример, Димов го посочи рудникот за бакар „Скуриес“ на Халкидики во Грција. „Не гледам зошто не би можеле и ние да го следиме тој пример. Ако отидете да видите во „Скуриес“ веќе две години се подготвува таа нова технологија, која овозможува многу мала емисија, практично нула емисија на загадување, ако можеме така да кажеме. Сите патишта на емисиите се следат, има постојан мониторинг“, изјави Димов.

    Инаку, покрај коментарите за методите на експлоатација на бакар, професорот Голомеов нагласи и дека Македонија има две значајни економски предности – земјоделството и минералните суровини, но економскиот ефект кај двете гранки е различен.

    „Рударството може да создаде значаен економски придонес без долгорочни државни субвенции како кај земјоделството. Но, минералното богатство е необновлив ресурс и мора да се користи внимателно. Приходите од него треба да бидат насочени кон развој на инфраструктурата, образованието и енергетската независност, за придобивките да останат и за идните генерации.

    Треба да се напомене дека 120 илјади луѓе вработени во земјоделието даваат ист економски ефект како шест илјади луѓе вработени во рударството. Притоа, за субвенционирање на земјоделството се трошат некаде сто милиони евра од буџетот, додека во рударството не се вложува ништо дополнително и не треба“, потенцира Голомеов.

    Неодамна и универзитетскиот професор Горан Начевски потенцира дека доколку инвеститорот во рудникот за бакар во „Иловица-Штука“ вложи во најсовремени технологии за заштита, проектот може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина.

    Прочитај повеќе

    Царината ќе ги запленува нерегистрираните чамци и глисери на Охридското Езеро

    21.07.2026 во 13:08

    Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи

    21.07.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.